ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА СТРАНА

Еко свест: За да ги постигнеме стандардите во животната средина мора да се вложува во овој сектор

June 5, 2021 14:35
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА
Share on FacebookShare on Twitter

Изнаоѓање на потребните механизми за формирање национален фонд за животна средина е приоритет на проектот „Зајакнување на улогата на граѓанските организации во донесување на одлуки преку застапување за воспоставување на фонд за животна средина“, кој е предвиден да се реализира до април 2022 година од страна на Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест, Скопје.

Во соопштение од Еко-свест денеска порачаа дека за да ги постигнеме стандардите во животната средина кои ќе овозможат благосостојба и заштита на ресурсите, Северна Македонија мора да вложува во овој сектор. Креирање на фондот за животна средина преку системско собирање на еко-таксите на едно место, како што појаснуваат, ќе го обезбеди потребниот буџет за активностите и мерките за заштита на животната средина и природата и воедно ќе наметне поголема контрола на трошењето на парите, бидејќи досегашното користење на еко-таксите беше нетранспарентно.

-Со фондот С. Македонија ќе биде во состојба посветено да работи и на реставрација на уништените предели и екосистеми, што е еден од главните механизми за борба со климатските промени и обезбедување одржлива иднина, истакнува во пишана изјава извршната директорка на Еко-свест, Ана Чоловиќ Лешоска.

Конкретна цел на проектот е информирање и застапување пред надлежните институции за воспоставување на Фонд за животна средина во Република Северна Македонија, како и информирање на јавноста за потребите од Фонд за животна средина и можностите за негово воспоставување во Република Северна Македонија.

Одф Еко свест велат дека ќе се спроведе анализа на можностите за воспоставување на Фонд за животна средина и консултација на наодите со Координативното тело на граѓанските органаизации за соработка со институциите, публикување на анализата спроведена во проектна активност 1, јавна кампања за потребите од фонд за животна средина и активности за застапување кај надлежните институции.

Проектот е со вкупен буџет од 28.515 долари, од кои 22.080 долари се обезбедени од страна на Глобалниот Еколошки Фонд (ГЕФ ПМГ), а остатокот со учество на Здружението на граѓани Центар за истражување и информирање за животна средина Еко-свест, Скопје. Проектот е финансиран од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) и здружението “Центар за истражување и информирање за животна средина”.

извор: МИА
Next Post

Денеска се регистрирани 29 нови случаи на Ковид 19

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk