Во текот на денешниот ден, извесен Goran Przin на својот Фејсук профил сподели вознемирувачки обвинувања упатени кон невладината организација ХЕРА како и министерката за образование и наука. Во објавата пишува дека ХЕРА се залага за „Сексуализација и Педофилија на децата“.
Во вознемирувачката содржина објавени се фотографии од интернет и линк од видео со наслов Трговија со фетуси под заклетва.
Во продолжение објавата на Goran Przin.
Објавата беше споделувана и во групи на Фејсбук.
„Накратко, оваа организација преку сексуалното образование го промовира АБОРТУСОТ како нормална појава и всушност е КАСАПНИЦА за ФЕТУСИ и БЕБИЊА од чии делови, Planed Parenthood и ХЕРА прават огромен бизнис“, се вели во објавата на Goran Przin.
Извор: Фејсбук