Претседателот Стево Пендаровски заедно со сопругата Елизабета Ѓоргиевска, вечерва во Музејот на современа уметност посетија две изложби поставени во рамки на Викендот на гордоста и во рамки на Биеналето на младите.
Претседателот Пендаровски, информираат од неговиот Кабинет, изрази поддршка на годинашното деветто издание на фестивалот Викенд на гордоста што се реализира со низа изложби, концерти и перформанси, а во организација на Коалиција Маргини и ЛГБТИ центарот за поддршка, а во соработка со МСУ и Јадро.
Шефот на државата го нагласи и придонесот на меѓународното биенале на млади уметници, мултидисциплинарен настан што се реализира во организација на Музејот на современата уметност – Скопје, како еден од најзначајните настани од областа на современата уметност чија цел е да наоѓа начини и да создава простори преку кои ќе ги претстави новите уметнички насоки на надоаѓачка генерација уметници и куратори