Дополнителни 12.870 дози од производителот Фајзер обезбедени преку директните преговори со производителот и преку ЕУ која ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe) пристигнаа денеска, објави Филипче на Фејсбук.
Учениците ќе ги користат ИТ уредите дома, за да можат поедноставно, во малку поинаков формат отколку на часот, преку видео и аудио содржини, анимации и квизови, да ја повторат содржината што ја учеле на училиште. На часовите, учениците нема да гледаат постојано во монитор, туку ќе стекнуваат нови знаења преку континуирана интеракција со наставниците. Ученикот ќе има активна улога за време на часот. Советникот во Министерството за образование и наука Душан Томшиќ, во утринската програма на Сител ТВ појасни дека промените во образовниот систем се неопходни, затоа што нашите ученици на 14.годишна возраст не можат да разберат ниту половина од прочитан текст.
Новата Концепција за основно образование превидува драстични промени во образовниот систем од следната учебна година, вклучително и воведување на интеркултурно образование со кое ќе се надмине пасивниот соживот помеѓу различните етнички и верски заедници и ќе се даде придонес кон изнаоѓање на одржлив начин за заедничко живеење во нашето мултикултурно и мултиетничко општество. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска в своето обраќање на денешната онлајн конференција по повод 25 години од усвојувањето на Хашките препораки за образовните права на националните малцинства, организирана од Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ.
Наставните програми за прво и четврто одделение се подготвени и ќе започнат да се имплементираат од септември, рече министерката Царовска вечерва во емисијата „Анализа 24“ на ТВ 24, каде за новата реформа во образованието дебатираше со претседателката на Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска и со претседателот на СОНК, Јаким Неделков.
Независната угостителска комора почна да ги оделува сертификатите „Чисто и безбедно“ и „Safe travels“ во охридско струшкиот регион. Сетрификатот е доказ дека угостителските објекти работат согласно препораките за заштита од корона вирусот. Деновиве повеќечлена комисија ќе врши увид и ќе доделува сертификати во регионот.