Зголемување на капиталните инвестиции и продолжување на поддршката за стопанството се двата клучни сегмента во ребалансот на Буџетот што Владата денеска го усвои на седница. Приходната страна на релабансот е подигната за 4,7 проценти во однос на иницијалниот Буџет, односно приходите се проектирани на ниво од 222,6 милијарди денари, што се должи на добрата реализација на приходите од почетокот на годината. Расходите се планирани на ниво од 268,8 милијарди денари или за 8,6 проценти повеќе во однос на иницијалниот Буџет.
Од 1 октомври недела ќе стане неработен ден. Ова е предвидено со измените на законите за работни односи и за трговски друштва што Владата ги усвои на својата денешна седница. Измените, како што појасни премиерот Зоран Заев на попладневната прес-конференција, се донесени во инклузивен процес со работодавачите и со синдикатите.
Во изминатиот период сведочиме деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ која освен блокади, деструкции и опструирање на се што е во корист на граѓаните и државата не прави ништо друго. На граѓаните им станува јасно како бел ден дека Мицкоски работи за неуспех на државата и на директна штета на македонските интереси, истакна пратеничката од СДСМ Драгица Ѓавочанова за Утрински брифинг. За македонскиот идентитет и македонскиот јазик никогаш не се преговарало, ниту ќе се преговара…
Mожеби би било поправилно: Што им тропа во главите на Јелена Жугиќ, Мицкоски и врхушката од ДПМНЕ, но со оглед на констатацијата која што и самата Јелена си ја дава „На врата ни тропа пораз за локалните избори, а на парламентарните ни следува потоп“, се чини дека цел лумперај се случува во ВМРО-ДПМНЕ. Ако се земе да се анализира скандалозната аудио снимка, која протече на Јутјуб, а каде според објавувачот, главен херој е функционерката од ВМРО-ДПМНЕ, Јелена Жугиќ, може да излезат цели томови научни трудови по историја, географија, но и по психологија и трауматологија, пишува ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ.
Јавната администрација годинава ќе го добие регресот за годишен одмор или таканаречениот К-15 и за таа намена се алоцирани дополнителни 230 милиони денари. Тоа, рече денеска премиерот Зоран Заев, е обврска од потпишаните колективни договори во 2019 година и таа треба да се исполни. Колективните договори се потпишани во 2019 година.
М. Миткоска