ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ОРМ: Да се јакне социјалниот дијалог во интерес на сите

June 9, 2021 14:20
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Унапредување на претприемачката култура, подигнување на угледот на работодавачите, како и постојана работа за унапредување на социјалниот дијалог се работите на кои постојано треба да се работи во државата за да се овозможи економски раст, но и почитување на правата на работниците, сметаат од Организацијата на работодавачи на Македонија. Сите сме на иста страна, порачаа тие, и ниту еден од овие три сегменти – работниците, работодавачите и државата, не може да функционира изолирано еден од друг или, пак, да расте побрзо од другиот.

-Во однос на социјалниот дијалог на денешното Собрание на ОРМ заклучивме дека не смее да се разочаруваме иако ЕК вели дека тој е во рана фаза на развој. Тоа е нормално, ние сме млада држава, нашиот социјален дијалог е многу кревок и нов. Државите во Европа почнале со економско-социјални совети на крај на 19 век кога ние сме биле под отоманско ропство. Потребно е да ги убрзаме процесите, да ги искористиме искуствата од другите поразвиени држави, од МОТ, но, овој процес мора да продолжи, рече досегашниот претседател Ангел Димитров.

Тој додаде дека иако социјалниот дијалог поаѓа од различни на интереси на синкдикати, работодавачи и на Владата, учесниците треба да бидат подготвени да направат компромис за клучни прашања во интерес на државата и другата страна. Само така, вели, изградените договори можат да го подобрат стандардот на вработените и целокупната економија во државата. Нагласува дека треба да се воспоствува претпиемачка култура и да се подигнува постојано угледот на претприемачите. Оние, пак, кои не ги почитуваат законите или ги кршат работничките права да се објават јавно и да се санкционираат, а не сите да се стават во ист кош.

Димитров информира дека на денешното Собрание на ОРМ бил избран нов претседател, Владанка Трајковска, претседател на ОРМ, управител на „Раде Кончар“.

Таа истакна дека се надева оти дека во иднина ОРМ ќе го задржи нивото на кое се наоѓа и ќе се издигне уште повисоко, дека гласно ќе ги кажува своите ставови и своите размислувања во однос на социјалното преговарање и економска политика која се води во државата, како и дека ќе бидат препознатлив фактор во одлучувањето на социјалниот дијалог.

Новиот член на ОРМ, Ирена Јакимоска, косопственик и управител на компанијата Комфи Ангел од Прилеп истакна дека ставот на ОРМ е оти сите три сегменти во градењето на општествената форма, а тоа се синдикатите, како претставници на работниците, Владата како претставник на јавниот сектор и приватниот сектор мора да работат заедно, интегрирано и само така ќе можат да ги надминат сите недостатоци во креирањето на еден подобар животен стандард на нашите граѓани и нашата земја.

-Доколку не ги усогласат своите права, меѓутоа уште повеќе доколку не ги усогласиме нашите обврски нема никогаш да можеме да го изградиме животниот стандард којшто нашата популација го заслужува.  Затоа треба сите три сегменти да се вперат во себе, прашањето да го вперат во себе, да се запрашаат што е она што ние треба да направиме за сите три да направиме исчекор во зголемената продуктивност се со цел за да може да имаме поголем животен стандард. Промените може да настанат само во нас и заедно интегрирани може да направиме подобро општество. Не сме ние непријатели, сме на истата страна на реката, ниеден од овие три сегменти не може да функционира изолирано еден од друг или, пак, уште потешко кога еден расте побрзо од другиот, рече таа.

По Собранието на ОРМ, се одржа и дебата за состојбите во македонската економија, пред и по пандемијата.

извор: МИА

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ и Левица остануваат против државата и Преспанскиот договор, експресно одговорија негативно и се „кандидираа“ за црната листа

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk