Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска оствари видео средба со Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Каират Абдракхманов, на која беа разменети мислења во врска со активностите на ОБСЕ, актуелните предизвици и идната соработка. Османи на средбата истакна дека високо ја цени соработката со Канцеларијата на ВКНМ на ОБСЕ, притоа ја реафирмира подготвеноста на Владата и натаму да продолжи уште поинтензивно со оваа соработка, а особено, како што посочи, за време на нивното идно претседавање со Организацијата за безбедност и соработка во 2023 година.
Ми беше тешко во карантин и мислев дека ќе го пропуштам Европското првенство. Среќа добро се заврши. Тренирав индивидуално и кога бев во изолација, па подготвен го дочекувам шампионатот. Секој од нас со нетрпение ги чека натпреварите и убеден сум дека ќе даде максимум на теренот. Јас веќе имам искуство од младинското ЕП, но ова е нешто друго. Не дојдовме овде да бидеме аутсајдери. Сакаме на сите да им покажеме дека и Македонија има квалитет и дека знае да игра одличен фудбал. Ќе уживаме во секој момент од ЕП, изјави Барди
Досегашната целокупна економска соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Турција го нема достигнато посакуваното ниво од двете држави и постојат многу можности кои треба максимално да бидат искористени како на државно ниво, така и од страна на бизнис заедниците и компаниите, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи на веб конференцијата со Стопанската комора на Истанбул, на тема: „Трговски и инвестициски можности со Република Северна Македонија“.
Измените на Законот за работните односи, кој беше усвоен на вчерашната владина седница, прецизно утврдува дека недела е ден на неделен одмор и гарантира дека за над 92 проценти од работниците недела ќе биде неработен ден, велат од Министерството за труд и социјална политика.
„Државата е стабилна, финансиски е ликвидна, ова е порака да сметате на својата Влада на својата држава, тука сме да помогнеме. Испраќам порака на соработка со Организацијата на работодавачи, со сите компании во нашата земја, низ дијалог да ги изнаоѓаме секој пат решенијата“, истакна премиерот Зоран Заев во воведното обраќање на настанот по повод Собранието на Организацијата на работодавачи на Македонија.
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, беше гостинка на Европскиот центар за политика преку видеоврска денеска каде зборуваше за геополитичките предизвици за Европската Унија и Западниот Балкан, и предупреди дека конфликтот со Бугарија ги обесхрабри и најпроевропски настроениот дел од македонското население, јави дописничката на МИА од Брисел.
Како министерка, заедно со премиерот и министерот за здравство сме во постојана комуникација во врска со враќањето на учениците на 1 септември во училиштата. Сите ние имаме една иста желба, а тоа е во септември да ги видиме училишните дворови полни со детски насмевки, училниците да се полни со ученици, а тоа најмногу ќе зависи од епидемиолошката состојба. Во оваа пандемија не сме затоа што сакаме, туку затоа што мораме, но и во ваков систем, како држава покажавме дека имавме редовна настава со успешна учебна година. Во наредниот период ќе бидат разгледувани сите параметри и наскоро ќе донесеме одлука која ќе биде споделена со јавноста во врска со враќањето на учениците во училишните клупи на 1 септември, изјави Царовска
Пораката на финансиска стабилност и ликвидност на државата е порака – сметајте на својата Влада, на својата држава. Тука сме да помогнеме и видовме дека кога помагаме веднаш се се враќа во буџетот. Испраќам и порака на соработка со Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), со сите компании во нашата земја и секогаш низ дијалог да ги изнаоѓаме решенијата. Ова денеска го порача премиерот Зоран Заев во рамки на свеченото Собрание на ОРМ.