Град Скопје ќе продолжи со дислокација на една од трите галии поставени во реката Вардар, вели во интервју за ТВ21, градоначалникот Петре Шилегов.
Тој потенцира дека институциите треба да бидат поагилни, односно одлуките да се носат побрзо.
„Започнавме една постапка, па дојде една времена мерка од судот. Според информациите што ги имаме ние во Град Скопје, бидејќи ја обжаливме, е дека е уважена жалбата на Градот, и јас очекувам наскоро да почнеме со дислоцирање на една од трите галии“, рече Шилегов.