ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Богдановиќ: Исечените дрва на „Орце Николов“ беа стари и без корени, ќе се засадат нови

June 11, 2021 13:25
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
ФОТО: МИА

ФОТО: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Во дрворедот на улицата „Орце Николов“ во Општина Центар има 171 дрво, а решение има за отстранување на 13 заболени дрва. Вчера беа отстранети осум, а на истото место ќе бидат засадени нови, информира денеска градоначалникот на Општината, Саша Богдановиќ.

Градоначалникот во одговор на новинарско прашање по вчерашната реакција за отстранувањето на дрва при реконструкцијата на улицата „Орце Николов“, посочи дека „нема да фали ниту едно дрво на местата каде што ќе бидат исечени“.

Тој посочи дека отстранетите дрва се стари, суви и без корени, а самите граѓани се чувствувале загрозено.

– Ние кога најавивме, најавивме дека нема да фали ниту едно дрва на местата каде што се засадени. Ако е утврдено дека дрвото е старо и суво, секако дека ќе биде заменето. Луѓето реагираат при било каква промена и сеча и овие дрва се опасни. При најмал дожд или реконструкција на улицата, може да направат проблем, додаде Богдановиќ.

Како што појасни, дрворедот ќе биде обновен. Посочи дека дел од тие дрва кои вчера беа исечени воопшто немале корени и само требало посилен дожд за некој да настрада. Додаде дека самите луѓе кои живеат во тие згради се чувствувале загрозено од гранките и се јавувале кај нив.

– Тој дрворед не е третиран со децении. Како што ќе оди реконструкцијата, се што е опасно дрво ќе биде заменето. Отстрануваме болно, старо и исушено дрво. Прво се реакциите од граѓаните, па ние реагираме до Град Скопје и потоа се прави проценка и се отстрануваат дрвата, појаснува Богдановиќ.

Градоначалникот појасни дека денеска има екипа на терен, каде што се прават подготовки за засадување на нови дрва.

– Јас знам дека граѓаните реагираат на каква било промена во врска со сечата на дрва и зеленило, но да дополнам дека на улицата „Орце Николов“, имаше шупливи дрја, а тие што изгледаат наводно здрави на фотографиите, немаат корени. Дрво без корен е ризично. додаде Богдановиќ.

извор: МИА

Next Post

Државата денеска ќе испрати одговор на 60 страници до судот во Стразбур за помилувањата од поранешниот претседател Иванов

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk