пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Читам во Капиталите дека Лаура Ковеси, главниот обвинител на Европската унија, ја пикирала Бугарија како предмет на својата прва мисија.
Како и се навртија на Софија!?
Санкции против шест бизнисмени и 64 компании за коруптивни дела, па Извршната наредба на претседателот Бајден која несомнено се однесува и на некоректното поведение на Бугарија во однос на геополитичките интереси на САД, па сега и Ковеси со своја истрага.
Нема сомневања дека американските акти и вклучувањето на Европската унија имаат свои изворишта во реалните состојби кај нашиот источен сосед, но јас имам основи да верувам дека сето тоа е поврзано со срамната блокада на Северна Македонија и по таа линија со загрозувањето на интересите на САД и на вредностите и принципите на ЕУ.
Третата војна што Бугарија и ја објави на Европската унија и на САД во врска со своите претензии кон Македонија, влегува во завршна фаза. Нема сомневања дека за Софија ќе заврши како и првите две.
Можеби и полошо.
Наравоучение: Не се закачајте со Макединија.
И од надвор
И од внатре.
Така што дир вморони, ајде уште малку поблокирајте тоа улиците и собранието, па ајт дома, на капење, топло млекце и спиење.
Глуперди.