пишува: БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ
На две руки се броеја оние кои киднаа у странство у она време. Заакаа по Америки и Аустралии, а највише фаќаа џаде и пруги по Германии и Холандии, понекој у Француска и Италија, ама пак се знаеја кои се и колку се. Овде/онде по некој саглам чоек меѓу нив, а све друго беше промути проспи и неокречи се сине, задњи део. И не оти им било тешко тука, него поеќето киднуеа зашто милицијата ги бркаше нон стоп, а некои други бегаа од државата заради тоа што не се согласуева со комунистите. Првите масовни киднуења, уствари, беа од оние највеќите ситни деликвенти у Југославија, и државата им обезбедуеше пасоши и престој у иностранство за да не праат бељи овде, да се куртули колку толку од апашката напаст кај овие поединци и групи.
Ем ги ангажираа да шпиунираат на улично ниво за Југославија, ем да заработуат пари. Кога ќе дојдеа овде на летњи одмор, цело маало се збираше да им ги разгледуе лимузините, да ги распрашуе како се, како им е таму, и да им ги пипка фармерките и да се чуди. Види го, бе, мамицу му, овде беше никој и ништо, абе мрсул да не фрлиш на него, а после 5 години у Немачка се врати со мерцедес и со куп пари за да напраи доградба на бараката. Рикна Југославија, сите се вратија назад. И поебаа онолкава држава. Потврдените ајдуци станаа политичари и највеќи бизнисмени и насилници врз сопствениот народ и државата. И што сакаш поише. Сите арамии од горе до доле се тука, не мрднуат од овде, пошто, овде им е најарано, осим ако си дрпнал поише милјарди евра у транзицијава ко министер ил премиер, ако судот те осудил, а ти без пасош и други документи си киднал у багажник. Апашиве, Боки, овде, крадат ко да им е задње и поише. Тука пљачкосуат, тука градат огромни хациенди, тука возат лудачки лимузини, тука им е све што му треба на секој ајдук. Чаламот им е тука. И никој не се врти по нивните лимузини или да трча да им ги допира фармерките. Не. Сите се пример за дугорочна опасност у Македонија, и затоа имаме вакви појави кога некој занесен копиљ, испилен од вморонскиот апашки инкубатор се осмелуе да пцуе полиција, да им ги е*е жените и ќерките, да се понаша ко да е држава, ко да е газда на државата, и пред џандарите, пардон, пред джавата, да помине, тики туку така, ко ништо да не било.
Кај си смеел, бе, на Ташко милицаецот у Центар, или на Мртви на Бит пазар, да му се приближиш на мање од метар без да те викне, еј? Или да не му дојдеш на дофат на шамар ако те викне? Тие луѓе знаеја дека униформата која ја носат не ги оцртуе чоеците у нив, него, државата. Не ли ја почитуеш униформата, не значеше дека не го почитуеш Ташко или Мртви, или кој било у неа, тоа значеше дека не го почитуеш системот, дека не ја е*еш државата, а тоа, од нивна страна значеше, дека, не те очекуе ништо друго осим дека си наебал ко жута афричка мравка. Те прегазуат у прва рука док те довлечкаат до станица, а после. Еее, после, јебига. У оноа време, да опцуеш милицаец у униформа, ти мора да си бил тотално луд. Да му се закануеш? Абе ти може да си бил и Секретар на ЦК, пак ќе си наебел. А сеа, глеј, малиов пцуе џандари, овие го приведуат, му акаат неколку шамари ко дисциплински заушки од маалски фраер у оноа време пред да те пратат по цигари, а овие апашиве вморонски го прогласуат малиот за прав патриот, за голем јунак. Кај го има ова, бе, брат, кај? Ова ли е таа деморкатија која ни ја постилаат со децении овие апашкиве политички јебиветри од ДПМНЕ? Вака ли ќе градиме закони за ред и мир, вака ли ќе се бориме за правда? Види Боки, може да ги признаваме педерите, лезбејките, трансфеститите и проститутките, може и за Боки 13 да викаме дека не е педер, и за Кики-Фрики дека не е платен уредник и дека не е прав новинар, ама од копиљаци кои пцујат полицајци на работни места да праиш патриоти и херои, не Боки. Такво нешто можат само љангури и вошки ала Пандов и остало вморонско патриотско апашко крило и апологетско ткиво. Никој друг. Така стојат работите, така кажуе чичко Ангеле од Чаир, и така да пишеш. Ај сеа викај го Миле.
Миле, дај бокалчето…
Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.