Само во последното деноноќие стотици мигранти повторно пристигнаа со брод на италијанскиот остров Лампедуза. Според локалните медиуми, 700 лица, меѓу кои имало и малолетници, пристигнале на островот со брод од Тунис и другите африкански земји.
Пред само четири недели, овој мал сицилијански остров прими околу 2.000 мигранти за многу краток временски период.
Локалните власти и владата во Рим се обидуваат што побрзо да ги пренесат луѓето во бродови-карантини или во другите делови од земјата.
Прифатилиштето на островот, опремено за прием на околу 250 лица, е пренатрупано и во него веќе се наоѓаат над 1.000 мигранти, јави агенцијата Аднкронос.
Во споредба со истиот период минатата година, тројно е зголемен бројот на бродови со мигранти кои пристигнуваат во Италија.
извор: МИА