ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владата ќе решава за укинување на полицискиот час, ограничениот број гости на прослави и забраната за концерти и забави

June 15, 2021 08:13
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Целосно укинување од утре на полицискиот час и на ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави, како и  дозвола за организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50 отсто од објектот и не повеќе од 1000 лица, се новите препораки кои вчера ги донесе Комисијата за заразни болести и ги прифати Главниот координативен Ковид-19 кризен штаб, а се очекува денеска на својата седница да ги усвои Владата.

Министерството за здравство соопшти дека епидемиолошката состојба е стабилна и ја дозволува ваквата одлука.

Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, регистрирани се четири нови случаи со Ковид-19, еден починат и 14 оздравени пациенти.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.540, бројката на оздравени пациенти е 149.642, на починати е 5.472, а на активни случаи изнесува 426 од кои 183 се во Скопје.

На инфективните одделенија во државава се лекуваат вкупно 99 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, од кои 34 се во Скопје. Поради намалениот број болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Вакцинацијата против Ковид-19 се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Според податоците на веб страницата kovid19vakcinacija.mk , досега во државава се вакцинирале 256.149 граѓани. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 449.456 граѓани.

Од Министерството за здравство информираа дека вчера во земјава пристигнале 12 870 дози од вакцината „Фајзер“ од редовната пратка која ја добиваме секој понеделник, од кои 8190 дози се од билатералниот договор со производителот „Фајзер“, а 4680 се во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe). Во земјава денеска се очекува да пристигнат и 20 000 вакцини на „Астра Зенека“, донација од Грција. /МИА/.
Next Post

Засилена дипломатска активност за деблокирање на евроинтергацискиот процес, Заев неделава на разговори во Софија

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk