Од многубројните изјави и извештаи кои денеска „долетаа“ од Софија, по серијата средби на македонскиот премиер Зоран Заев со бугарскиот државен врв, може да се извлечат неколку важни поенти.
Пред сè, направен е голем исчекор во македонско-бугарските односи.
Македонските и бугарските делегации потврдија дека се цврсто определени за пријателство меѓу двете држави, за „заедничко, најблиско пријателство“!
Понатаму, од двете страни на македонско-бугарските средби на највисоко ниво, соопштуваат дека работат и ќе работат на враќање на довербата меѓу македонскиот и бугарскиот народ.
Неспорна е констатацијата дека македонско-бугарскиот дијалог е активен и ставот дека токму преку дијалог ќе бидат донесени решенија кои ќе обезбедат заедничка европска иднина за нашите народи, а пред сè, за младите на двете земји.
Д. Е.