Ја започнавме средбата со премиерот на Бугарија, Стефан Јанев. Денес работиме на зајакнување на довербата и преку искрен пристап целиме да постигнеме исчекор напред кон решение, објави на Твитер Премиерот Заев.
Преспа е вистински пример за моќта на дипломатијата и дијалогот. Дека е модел за многу други отворени прашања. Секој проблем е различен и специфичен на овој свет, но дијалогот и дипломатијата остануваат најдобриот пристап во нивното решавање
Членството на Северна Македонија во НАТО е резултат на храбри одлуки. Верувам дека на фронтот на ЕУ треба да има геополитичка политика, а тоа за Балканот е проширувањето и тоа беше рецепт кој беше успешен
Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски, заедно со министрите за внатрешни работи и за транспорт и врски, Оливер Спасовски и Благој Бочварски, директорот и заменик-директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и Благочје Трпевски, беа на локацијата каде во моментов се врши рехабилитација на регионалниот пат Куманово – Страцин, патна делница која е составен дел од Коридорот 8, информираат од Владата.
Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на Самитот на шефови на држави и влади на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што во рамките на турското претседавање се одржува во Анталија, Република Турција.
Премиерот Зоран Заев смета дека денешната средба со неговиот бугарски колега Стефан Јанев и заедничките напори за воспосвување на атмофвера на доверба ќе биде дополнително охрабрување заедничката комисија да работи уште поефикасно и да се постигне договор за уште историски личности или периоди
Заедно треба да го најдеме решението. Ние сме одговорни политичари и се договоривме дека нашите разговори треба да се фокусираат на суштината на можните решенија и дека до таа цел ќе стигнеме преку патоказот, преку секторската соработка што ја организираат и спроведуваат работните тела преку министерствата за надворешни работи на двете земји.
Премиерот Зоран Заев на денешната заедничка прес-конференција со бугарскиот колега Стефан Јанев по нивната средба во Софија уште еднаш повтори дека проблемот меѓу двете земји е билатерален и дека така треба да се реши.