ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вечерен преглед: Мицкоски не може да понуди ништо ново, тој не може да ја реформира партијата, а не пак државата, наместо модерна опозиција, ние го имаме ВМРО-ДПМНЕ раководено од бегалецот во Будимпешта

June 20, 2021 21:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

„ВМРО-ДПМНЕ ја лажат јавноста дека се смениле дека ќе нуделе концепт за сите луѓе. Не е тоа концепт за сите луѓе, тоа е концепт за сите криминалци, затоа што нема криминалец што ВМРО-ДПМНЕ не го бранат и не го поддржуваат. Тоа знаат тие, да работат против правдата, да бидат на браникот на криминалот, на браникот на криминалците во нивните редови. И затоа Мицкоски не може да понуди ништо ново, тој не може да донесе реформа ниту во својата партија, а не пак да носи промени во општините или државата“ рече потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Гостивар.

„На овие локални избори излегуваме со најдобрата кадровска и програмска понуда“, потврди пратеничката на СДСМ, Фаница Николоска од партиската трибина во Гостивар. Таа вели дека програмата ќе се пишува заедно со граѓаните, бидејќи СДСМ е модерна партија која се менува, за разлика од опозицијата. Од една страна е СДСМ, од другата ВМРО-ДПМНЕ. Нас ни треба силна и модерна опозиција, опозиција која и по дефиниција е коректор на власта. Но, ние го имаме ВМРО-ДПМНЕ, раководено од бегалецот во Будимпешта. Најголема инвестиција за време на режимот беа споменици, палми, жални врби и секако реконструкција на Белиот дворец, со како што самите велат велелепни лустери, удобни столчиња, махагони астали, истакна Николоска.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера потврди дека е откриен втор случај на заболено лице од делта-варијантата на корона вирусот во земјава, којшто првично беше регистриран во Индија. Во однос на забавеното темпо на вакцинација во земјава, министерот Филипче информираше дека до крајот на јуни се очекува да пристигнат 600.000 дози на вакцини против ковид-19. Преку КОВАКС механизмот, на 28 јуни е предвидено да пристигнат 100.000 дози на вакцини од производителот „Фајзер/Бионтек“.

Македонската атлетичарка Дрита Ислами по втор пат во последните три недели го собори државниот рекорд во дисциплината 400 метри со пречки. Ислами на првиот ден од Европското екипно првенство што викендов се одржува во Лимасол ја истрча патеката во време од нов македонски рекорд од 57.53 секунди.

М. Миткоска

Next Post

Изречени 66 казни за брзо возење на автопатот Скопје – Велес и скопската обиколница

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk