„Поминавме тежок период, но докажавме дека државата има капацитет да се справува и со непредвидени проблеми“, вели пратеничката на СДСМ, Фаница Николоска, на партиската трибина во Гостивар и додаде дека во услови на криза се покажале оправдани инвестициите што власта ги реализирала во здравството.
-Реконструкција и модернизација на здравствени установи, современа медицинска апаратура.. нешто во коешто со години наназад не беше вложувано. Најголема инвестиција за време на режимот беа споменици, палми, жални врби и секако реконструкција на Белиот дворец, со како што самите велат велелепни лустери, удобни столчиња, махагони астали, истакна Николоска. Пратеничката потсети дека власта предводена од СДСМ ја зголемила социјалната помош, обезбедила раст на минималната и просечната плата, како и дека изградила и реконструирала училишта, градинки и центри за ран детски развој.
-Преку 70 милиони евра се вложени во изградба и реконструкција на локални и регионални патишта преку Министерството за транспорт и врски и министерството за финанасии, со поддршка на Светска Банка. Во услови на пандемија креиравме 6 пакети на економски мерки за поддршка на граѓаните и стопанството…..на оние коишто беа најпогодени од корона кризата. Го реализираме она што е најдобро за нашата општина. Владата обезбеди финансиски средства за враќање на долговите на општините, заклучи Николоска.
Д. Е.