ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска на Глобалниот форум на позјамувачи и инвеститори во обрзници – Поголема финансиска вклученост на жените до поголеми економски придобивки

June 21, 2021 11:27
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Машката популација има полесен пристап до финансиите. Четириесет и пет отсто од вкупниот број индивидуални кредитокорисници се жени, додека 55 отсто се мажи, а во однос на обемот на кредити само 38 отсто од вкупно одобрените заеми отпаѓаат на жени.

Ова, како што соопшти Народната банка, го истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во видеоразговорот за „Еуромани“, со кој започнаа активностите од програмата на големиот Глобален форум на позајмувачи и инвеститори во обврзници, а на кој порача дека поголемата финансиска вклученост воопшто, особено поголемата финансиска вклученост на жените, несомнено може да донесе голем број економски придобивки за целото општество.

– Во однос на пристапот до кредити, жените сочинуваат 45 отсто од вкупниот број индивидуални кредитокорисници, во споредба со 55 отсто мажи, а во однос на обемот на кредити, уште помалку, односно само 38 отсто од вкупните одобрени заеми отпаѓаат на жени. Во однос на динамиката, има подобрување за три процентни поени во последните 10 години, односно учеството на жените во вкупните кредити се зголеми од 35 отсто на 38 отсто. Сепак, податоците укажуваат дека машката популација има полесен пристап до финансиите, рече гувернерката.

Таа наведе дека достапните студии и податоци на глобално ниво, како што е Анкетата на ММФ за финансискиот пристап, укажуваат на релативно широк јаз меѓу половите во пристапот до финансии и дека тоа е сложен феномен што треба да се реши на холистички начин, со политики коишто се вон работата на централните банки, но оти  централни банкари може и треба да преземат некои чекори во таа насока.

Во разговорот Ангеловска-Бежоска посочи на два аспекта на коишто треба да бидат фокусирани централните банки во справувањето со јазот на финансиската вклученост на мажите и жените.

– Прво, можеме да создадеме регулаторно окружување што би довело до поголема конкуренција и нови, поевтини и подобри финансиски производи согласно со потребите на клиентите – пример за тоа се финтек-производите. Тие може да обезбедат полесен пристап до финансии и за жените и за другите групи кои традиционално се помалку вклучени во формалниот финансиски систем. Во овој контекст, ние како централна банка сме во завршната фаза од изготвувањето на новиот Закон за платежни услуги и платни системи што промовира поголема конкурентност, транспарентност, како и поголема заштита на потрошувачите, што сметаме дека ќе го намали и родовиот јаз во пристапот до финансии. Една од главните предности на оваа нова законска рамка ќе биде воведувањето сметка за плаќање со основни функции, што ќе биде бесплатна за поранливите категории, истакна гувернерката во разговорот.

Таа додаде дека вториот аспект е вложувањето во финансиската едукација, односно дека повисокото ниво на финансиска писменост ќе го олесни и пристапот до финансии на граѓаните. Анкета на ОЕЦД, како што рече гувернерката, јасно покажува дека се потребни дополнителни напори за натамошно зголемување на нивото на финансиска писменост во регионот на ЈЕИ, вклучително и кај нас.

Ангеловска-Бежоска се осврна и на прашања за родовата рамноправност во централните банки и за предизвиците во овој сегмент, коишто на глобално ниво ги донесе пандемијата на КОВИД-19.

Големиот Глобален форум на позајмувачи и инвеститори во обврзници е еден од најзначајните меѓународни настани во организација на „Еуромани“.  Разговорот со „Еуромани“ беше посветен на прашања за вклученоста на жените во економските текови, особено во контекст и на предизвиците од актуелната корона-криза. 

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk