Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со дел од дарителите на ковалесцентна плазма, од која досега се обезбедени вкупно 1732 единици и третирани 1431 пациенти.
-Овие хумани луѓе се само мал дел од дарителите на ковалесцентна плазма, кои со својата несебичност спасуваа човечки животи во пандемијата, напиша министерот на „Фејсбук“.
Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека од 1732 единици ковалесцентна плазма, 157 единици се собрани преку аферезна процедура а останантите преку стандардно дарување.
-Потсетуваме дека Институтот за трансфузиона медицина е достапен во секое време и сите оздравени пациенти кои ги исполнуваат условите за дарители, може да се јават за детални информации и закажување во Институтот за трансфузиона медицина, да ја покажат својата хуманост и да помогнат во лекувањето на другите заболени со Ковид-19, велат од Министерството за здравство.