ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Неделен преглед: Пораки за евроинтеграции од Курц, Пендаровски со лобирање за македонското црковно прашање, ЕУ ја стави земјава на зелената ковид-19 листа…

June 21, 2021 10:15
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЕУ на потег за целосна интеграција на Западен Балкан

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, на билатералната средба со премиерот Заев, испрати јасна порака и охрабрување дека Австрија е сериозен поддржувач на политиката за проширување и на македонските евроинтеграции. Иднината на Балканот е во Европа, а особено имајќи го предвид фактот дека европското семејство не може да биде целосно без интеграција на Западниот Балкан во него. Крајно време е да започнат претпристапните преговори со две од балканските земји, Северна Македонија и Албанија, а Унијата е на потег да го исполни дадениот збор.

Актуелизирање на решавање на статусот на МПЦ- ОА

Претседателот Стево Пендаровски во дипломатска мисија и лоби процес кај вселенскиот патријарх во Истанбул. Дел од посетата на Турција, Пендаровски ја искористи и за реотворање на прашањето околу македонската православна црква и нејзиното целосно признавање, а се очекува работната посета да доведе и до повторно актуализирање на дипломатските напори и ефекти околу решавањето на статусот на МПЦ – ОА.

 Дипломатска офанзива

Македонскиот државен врв се впушти во целосна дипломатска офанзива во очи на претстојниот ЕУ самит. Релаксирањето на ковид-19 мерките и отворањето на светот, овозможија и зголемена надворешна активност и присутност на македонските владини претставници и претседателот. Од Софија, до Брисел и Виена, преку Словачка и Анталија, изминатата недела нашите министри, премиерот и шефот на државата беа прилично активни со обраќања на форуми, билатерални состаноци и официјални посети на држави.

Зелена листа на безбедни земји

 Европската Унија ја консолидираше и ревидираше т.н. зелена листа на земји кои се сметаат за безбедни земји во однос на справувањето со ковид-19. Додавањето на Северна Македонија кон оваа листа, всушност значи дека македонските државјани повторно ќе може да патуваат туристички во земјите членки, односно се дозволија несуштинските патувања помеѓу нашата и државите на ЕУ. Останува уште практичната имплементација на ова решение од страна на секоја поединечна членка, а некои од нив, како Германија, на пример и официјално известија за кренатите рампи за нашите граѓани.

СДСМ во водство

 Анкетата на ИРИ, презентирана неделава, обелодени водство на владејачкиот СДСМ во однос на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, во пресрет на најавените избори за градоначалници и советници. Претстојните локални избори, кои ќе се одржат во октомври, всушност претставуваат можност за преиспитување на расположението на електоратот и можност за верификување и потврдување на (не)успешните локални политики на општинските избраници од 2017 година. Скопје, Куманово, Охрид, Штип – ова се само некои од поголемите градови во кои, согласно, измереното јавно мислење, Социјалдемократскиот сојуз е несомнен фаворит во однос на октомвриското изборно изјаснување на граѓаните.

Продолжена важност на истечените пасоши

 Во пресрет на летната туристичка сезона и отворени гранични премини, Министерството за внатрешни работи информираше дека патните исправи на граѓаните чија важност истекува по 31 јули 2021, ќе бидат продолжени со важност до крајот на тековната година – 31 декември 2021 година. Со оваа мерка, ресорното министерство се обидува да им излезе во пресрет на оние граѓани чии пасоши набрзо истекуваат, а поради сплетот на околности поврзани со пандемијата, истите не успеале навремено да ги обноват своите документи неопходни за патување.

Иван Дургутов

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Тошковски со дилема за инцидентот со Арсовска: Се поставува прашање, да не случајно жртвата во овој случај којашто се прикажува во јавноста, е токму оној што предизвикал физички напад

July 11, 2025

(ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

July 11, 2025

Филипче: Шест часа од бруталниот напад врз градоначалничката на Скопје, од Мицкоски нема ни збор осуда

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зоран Кардула со нова самостојна изложба: „Flora Imaginarium“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски со дилема за инцидентот со Арсовска: Се поставува прашање, да не случајно жртвата во овој случај којашто се прикажува во јавноста, е токму оној што предизвикал физички напад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk