ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Угостителските работници заминуваат во странство, немаме доволно готвачи и келнери

June 21, 2021 13:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Стручниот кадар од угостителството заминува на работа во Хрватска, а Охрид и Струга се соочуваат со недостиг на вработени. Готвачи, салатери и келнери масовно заминуваат на работа на брегот на Јадранското море во Хрватска, а угостителите во туристичките центри остануваат без обучениот кадар.

Причина за заминувањето на сезонска работа прво се двојно или тројно повиските плати, а потоа и подобрите услови за работа.  Готвач  во Хрватска може да заработи и 2000 евра за еден месец, во земјава просечно заработуваат од 500 до 700 евра. Потенцијалните работници не сакаат да работат во земјава заради ниските плати кои им се нудат, сезоналноста на работата и немањето слободни денови и годишен одмор

„Нашите вработени заминуваат. Ова лето посебно популарна дестинација за сезонска работа е Хрватска. Се обидуваме да ги задржиме, им нудиме повисока плата, подобри услови, но не прифаќаат. На сите ни е јасно дека во Хрватска се подобри условите за работа, таму има повсок животен стандард. Не можеме да им конкурираме“, вели угостител од Охрид.

„Пица мајсторот, кој што десет години  работеше кај мене во пицерија,  сега пред сезона ми замина. Цела зима во време на пандемија и безброј проблеми земаа редовно плата, но ете во сезона не оставија на цедило. Сега кога имаме работа ние останавме без главниот  готвач“, вели угостител од Струга.

Најголем дефицит на стручен кадар има во секторот угостителство. Заминуваат капацитети, стручни обучени кадри кои се „китат“ со светски успеси и признанија во странство.

„Кадарот келнер и готвач се многу дефицитарни. Навистина ќе се соочиме со една сериозна ситуација. Мора да размислуваме длабоко во оваа насока. Од  година во година се бележи се поголем одлив на овој  кадар. Моментално келнерите се редок примерок во нашиот град. Ќе мора да се покачуваат платите, меѓутоа тоа не значи дека секој може да биде келнер. Значи за висока плата мора да биде професионален келнер. Да биде ценета професија која бара свој профил на личност со вештини за да може да ја работи таа работа“, вели Ангела Крстаноска професор на ФТУ.

Пандемијата го стагнира иселувањето на младите од Охрид. Според податоците од Државниот завод за статистика само  во 2019 та година од Охрид се иселиле дури  197 лица. Според анализите на граѓанските организации минатата година поради корона пандемијата се бележи  блага стагнација во иселувањето, но очекувањата се дека кога  ќе помине пандемијата граѓаните, особено младите, ќе продолжат иднината да ја бараат во странство.

„Се иселуваат млади луѓе кои бараат подобра перспектива меѓутоа се иселуваат и цели семејства со деца, за жал, кои бараат пподобра иднина во некои од европските држави. Прва причина е егзистенцијата, а потоа и недовербата во иснтитуциите.  Животот е станат толку скап така што луѓето гледаат да заминат. Со платите што ги земаат не можат да преживеат“, вели Вахид Мемет граѓански активист.

За разлика од минатото кога Македонците  најмногу се иселуваа во Австралија, Америка и Канада, денес најатрактивна дестинација за подобар живот се европските земји.

Соња Рилковска

 

Next Post

Гир: Посветени сме кон решенија за што е можно побрз старт на преговорите на Северна Македонија

Shortcut

Најново

Урсула фон дер Лајен, 16 септември 2026 (фото: ec.europa.eu)

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје, Мицкоски нуди дијалог: Уставните измени остануваат клучниот чекор кон ЕУ

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

September 30, 2026

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

September 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk