Ниту во Владата, ниту во владејачката партија СДСМ, ниту со премиерот Заев не е разговарано за промена на знаме, грб или химна на државата, велат од Владата за МИА, по толкувањата во јавноста на изјавата на лидерот на ДУИ и коалициски партнер во Владата Али Ахмети околу државните симболи.
Владата го усвои предлогот на Министерството за финансии за намалување на ДДВ за електрична енергија за домаќинства, напиша министерот за финансии Фатмир Бесими во објава на Фејсбук. Како што наведува Бесими, според измените на Законот за данок на додадена вредност, ДДВ-то за електрична енергија се предлага да се намали од 18 на 5 отсто за период од 1 јули 2021 до 30 јуни 2022 и 10 отсто за период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година.
Зоран Заев, придружуван oд Никола Димитров, се сретна со Aн Линде, министерката за надворешни работи на Шведска и актуелен претседавач со ОБСЕ. На состанокот е пренесена јасна поддршка од Шведска за европските аспирации на нашата држава, бидејќ и како што е констатирано државава успешно ги сработи реформите што беа нотирани како обврска од европската агенда.
Температурата на воздухот денеска во Демир Капија се искачи на 37 степени, а во Тетово, Струмица, Скопје, кај Зајчев Рид и во Гевгелија се регистрирани 36 степени Целзиусови. Според мерењата на УХМР, во Штип и Битола максималната температура била 35, во Прилеп и Виница – 34, Маврови Анови, Охрид и Претор – 32, Крива Паланка – 31, Берово – 30, Крушево -28 и 26 во Лазарополе.