ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Aко цената за нашиот пат кон ЕУ е обезличување, тогаш нам не ни треба таква ЕУ, партиите блиску до договор околу Изборниот законик, продолжува блокадата од Бугарија

June 23, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

„Уште кога започна овој процес, кога се интензивираа напорите на германското претседателство, кажав дека сум ок со тоа дека ако не може да ги отвориме вратите поради македонскиот јазик, нема да ги отвораме тие врати. Тоа го поставува прашањето колку е европска Европската Унија“ рече вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, во Дневникот на Сител ТВ за недобивањето датум за почеток на преговори. Тој додаде дека ако цената за нашиот пат кон ЕУ е обезличување, тогаш нам не ни треба таква ЕУ.

Северна Македонија ги негува европските вредности, демонстрира европски манири, политичка волја и гради добрососедски односи неопходни за економски просперитет и подобар стандард за граѓаните. Пораката од Делфи самитот во Атина, ја упатувам и од тука во Скопје – Потребен ни е економски просперитетен Балкан на 21 век, интегриран во ЕУ. Денес, ќе додадам и Балкан кој живее во сегашноста и гради просперитетна иднина, а минатото е поука дека поделби и раздори не водат никаде, порача премиерот Зоран Заев на отворањето на првиот Скопски економски форум

Бугарија уште еднаш стави блокада на усвојувањето на преговарачката рамка за отпочнување на преговорите за пристапување на С Македонија во ЕУ на Советот за општи работи на Унијата што се одржа вчера во Луксембург. За Скопје сепак уште една теоретска можност за старт на преговорите во јуни е Самитот на лидерите на ЕУ во четврток и петок.

Намалувањето на ДДВ-то е едно од решенијата што Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) го понуди точно пред една година како можност да се заштитат домаќинствата во самиот процес на либерализација на пазарот на електрична енергија, порачува претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. Нашите тимови кои прават сеопфатни анализи во координација со Енергетската заедница проценија пред една година дека е неопходно да се донесат системски решенија, што освен намалување на ДДВ ќе опфатат и проширување и зајакнување на поддршката на ранливите категории во плаќањето на сметките за електрична / топлинска енергија.

Под влијание на топла воздушна маса од југ, од денеска и во следните денови времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Во следните денови во повеќе места температурите ќе бидат над 35 степени. Најтопло ќе биде в четврток и в петок кога температурата на места ќе го надмине и 40-тиот степен и ќе биде активирано портокалово, а во некои делови и црвено ниво на опасност од високи температури.

Работната група за подготовка на измените на Изборниот законик формирана од Министерството за правда е блиску до договор во однос на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, информираат од Министерството за правда, посочувајќи дека преостанува уште малку време за усогласување на ставовите бидејќи предлогот треба да биде доставен до Собранието. Во однос на изборниот модел, главниот предизвик, како што посочуваат, е утврдување на начинот на избор на градоначалниците, односно дали тие ќе се избираат во прв или во втор круг. Сепак, според информации од политичките партии, за негово менување веројатно ќе се разговара во иднина.

 

Next Post

Народен правобранител: Прекинот на издавање лични документи претставува повреда на правата на граѓаните

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk