Најавените 500 илјади дози од вакцините против Ковид-19 „Синовак“ ќе пристигнат во државава в недела, во два авиона со по 250.000 дози, а утре се очекуваат уште 100 илјади вакцини Фајзер преку Ковакс механизмот, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ја сподели својата визија за иднината на сесијата „Паметни градови, урбана мобилност и дигитални решенија во Северна Македонија“ на „Скопскиот економски форум“.
„Законот за дивоградби ги вади политичарите пред одлуката – дали ќе се руши или ќе се легализираат градбите“, изјави премиерот Зоран Заев во интервју на Телма телевизија. Тој истакна дека со новиот текст на законското решение кој ќе биде испратен во Собранието се земаат предвид дел од мислењата на екологистите.
Треба да сме искрени и отворени, граѓаните постојано тврдат дека има распространето корупција, особено при вадењето на документите, рече во вестите на Сител, Љупчо Николовски вицепремиер за борба против корупција. -Иако во периодов имаме услуги по електонски пат, на пример за закажување на лична карта можете електронски но барањето го пополнувате лично, имаме дигитален сертификат за вакцинација итн, но ќе има и преоден пакет на електронски услуги.
Во Владата, вчера попладне, се одржа вториот состанок на „Работна група за подготовка на измени и дополнувања на законодавството за декриминализација, легализација и искористување на медицинските, социјалните и економските придобивки на канабисот”.
На денешниот работен состанок на министерот за здравство д-р Венко Филипче, директорите на ФЗО на РСМ Стево Крстевски и Фатон Ахмети, Претседателот на Самостојниот Синдикат за здравство, фармација и социјална заштита д-р Љубиша Каранфиловски и претставници на Здружението на Медицинските Сестри, Техничари и Акушерки се имплементираше решение за проблем кој е актуелен за медицинските сестри и техничари вработени во јавно-здравствените установи.