ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Доверливи британски воени документи пронајдени на автобуска станица во Кент

June 27, 2021 19:56
in ДЕНЕС
EPA-EFE/ANDY RAIN

EPA-EFE/ANDY RAIN

Share on FacebookShare on Twitter

Доверливи документи од Министерството за одбрана, кои содржат детали за разорувачот на британската кралска морнарица и војската на таа земја, се пронајдени на автобуската станица во Кент.

Во една група документи се разгледува веројатната руска реакција на премин на британски брод низ украинските води, недалеку од брегот на Крим, пренесува Би-Би-Си. Во друга група документи се изложени детали од планот за можен воен ангажман на британската војска во Авганистан, бидејќи НАТО, предводен од САД, ги завршува своите операции во таа земја.

Владата соопшти дека е покрената истрага.

Портпарол на Министерството за одбрана рече дека еден вработен пријавил дека изгубил чувствителни документи, додавајќи дека не би било соодветно да коментира понатаму.

Документите, кои содржат околу 50 страници, беа пронајдени во вторникот наутро, како наводенето купче хартија во задниот дел на автобуска станица во Кент, Лице, кое побарало да остане анонимно, ја контактирало Би-Би-Си, кога ја сфатил чувствителната природа на документите. Би-Би-Си верува дека документите, кои вклучуваат е-пошта и презентации во PowerPoint, доаѓаат од канцеларијата на висок службеник во Министерството за одбрана.

Документите во врска со разорувачот на британската кралска морнарица покажуваат дека мисијата, која Министерството за одбрана ја опиша како „невин премин низ украинските територијални води“, со оружје кое било покриено и бродски хеликоптер складиран во хангарот, била извршена во очекување дека Русија може агресивно да одговори.

Во средата, повеќе од 20 руски авиони и два брода на крајбрежната стража го опкружија британскиот воен брод, кој пловеше на 19 километри од брегот на Крим.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека патролен брод испукал предупредувачки истрели, а авионот фрлил бомби на патот на разурнувачот, но британската влада го демантираше ова, наведувајќи дека не биле испукани предупредувачки истрели.

Мисијата, наречена „Оп Дитроите“, била предмет на дискусии на високо ниво во понеделникот навечер, според откриените документи, во кои официјални лица претпоставуваат каква би била реакцијата на Русија доколку британскиот разорувач се приближи до Крим. Споменати се три можни руски одговори – од „безбеден и професионален“ до „ниту безбеден ниту професионален“.

Откриените документи покажаа, според Би-Би-Си, дека мисијата кај Крим требало да покаже поддршка од британската влада за Украина, и покрај можните ризици.

извор: МИА
Next Post

Вечерен преглед: Вакцината Синовак ефикасна и безбедна, засилена акциска контрола за санкционирање на возачи

Shortcut

Најново

Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk