ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пристигнаа 500.000 вакцини „Синовак“, продолжува масовната имунизација на населението

June 27, 2021 13:06
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со два авиони денеска на скопскиот аеродром пристигнаа 500-те илјади вакцини што Владата ги набави од кинескиот производител „Синовак“. Станува збор за најголема пратка вакцини пристигната во земјава, а вакцините ќе бидат распоредени во градовите низ државата.

Според државната секретарка во Министерството за здравство Иванка Стојаноски, која заедно со кинескиот амбасадор ги пречекаа вакцините, со оваа пратка ќе се вакцинираат значителен број на граѓани со што ќе се забрза процесот на постигнување на колективен имунитет.

– Со процесот на имунизација досега и вакцинирањето на голем број граѓани покажуваме одлични резултати во намалувањето на бројот на новозазарени со Ковид-19 и на хоспитализирани граѓани за што говори фактот дека сите ковид центри низ државата се празни, а малиот број на хоспитализирани пациенти е на Инфективната клиника, истакна државната секретарка за здравство.

Во однос на цената по која се набавени вакцините, државната секретарка Стојаноски рече дека согласно обврските и склучените договори со фирмите, засега не може да открие која е цената.

– Во овој период мора да се држиме согласно договорите. Има институции кои сето тоа ќе имаат можност да го кажат кога ќе дојде време, рече Стојаноски.

Кинескиот амбасадор во земјава Џанг Ѕуо порача дека вакцините се најмоќното оружје за надминување на епидемијата и посочи дека вакцината „Синовак“ е одобрена од Светската здравствена организација. Во Кина, како што рече, се употребени над 1,1 милијарди дози и се вакцинираат луѓе на возраст од 3 до 100 години.

– Придржувајќи се кон концептот на заедница со заедничка иднина за човештвото, Кина ја покажа својата одговорност како голема земја, ја промовираше меѓународната соработка во борбата против епидемијата и правичната дистрибуција на вакцините. Кина вложува големи напори да го премости „имунолошкиот јаз“ за да помогне во заздравувањето на светската економија. Во моментов, епидемијата сè уште се шири низ целиот свет, а вирусот сè уште мутира. Следењето на потеклото на епидемијата не треба да се политизира. Сите страни треба да извршат истражување за пронаоѓање на потекло со научен став од глобално ниво, за да можеме ефикасно да спречиме друга пандемија, рече Ѕуо.
За ефикасноста и безбедноста на вакцината „Синовак“ вчера напиша и министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил.
– Еве ги официјалните карактеристики на вакцината Синовак објавени од СЗО – Инкативиран САРС-Ков2 вирус, потребни се две дози, втората доза од 14-28 дена по првата доза, високо ефикасна за превенција на тешка болест, се дава мускулно во рамо, препорачана за употреба кај бремени жени кога придобивките од вакцинацијата за бремената жена се поголеми од потенцијалните ризици. Препорачана за употреба кај доилки како и кај други возрасни лица, се вели во фејсбук статусот на министерот Филипче.
извор: МИА
Next Post

Во текот на наредната недела забрзан процес на имунизација, најавува Филипче

Shortcut

Најново

Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk