ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Марш на гордоста и зошто му е потребен на македонското општество

June 28, 2021 14:49
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, МОЗАИК
Share on FacebookShare on Twitter

Во саботата во Скопје по втор пат се одржа Маршот на гордоста, преку кој се упати порака за потребата од еднаквост и човекови права за сите во македонското општество. Овој настан кој својата премиера во македонскиот контекст ја имаше во 2019 година, а лани се обележа само со низа онлајн настани поради пандемијата со Ковид-19, помина достоинствено и испрати шаренолика слика од скопскиот градски парк.

Протестниот марш кој се одржува во месецот јуни, во светски рамки, се обидува да ја покрене свеста за нужноста од почитување на човековите права и на поинаквите од нас, но и да ги обедини граѓаните дека различностите постоеле и ќе постојат, а љубовта треба да е љубов и за либералните и за оние малку поконзервативните. Испраќајќи порака дека ЛГБТИ заедницата е дел од нашето општество, дел од оние кои се даночни обврзници, дел од нашето граѓанство, саботниот настан кој помина во најдобар ред, го носеше мотото „вон ѕидовите“. Симболиката на овие зборови упатува на суштината, на тоа дека припадниците на оваа заедница, најчесто, поради стигмата, стереотипите, насилството и други нус појави, живеат затворени во своите ѕидови и не ги уживаат истите оние права кои се сметаат за најосновни од корпусот на човекови права.

Претседателот Пендаровски и првата дама Ѓорѓиевска, министерките Шекеринска, Царовска, Шахпаска, пратеничките Морачанин и Зајкова, беа само дел од политичарите кои јавно и недвосмислено дадоа поддршка за унапредувањето на статусот на оваа заедница. Нашата држава, полека, но сигурно, ќе мора да го започне својот пат кон целосна европеизација и полн демократски развој, а токму почитувањето и заштитата на правата и слободите на некои од маргинализираните заедници претставува услов без кој едно општество тешко дека може да се нарече прогресивно и демократско.

Човековите права не се и никогаш не би ни биле некаква пита, овозможувајќи му слобода на еден, а одземајќи ја на друг. За крај, ничија сексуална определба не може да биде криминал и недозволена, а токму реалноста ни вели дека овие луѓе се тука околу нас и наше е да им подадеме рака.

Иван Дургутов

Next Post

Во Прилеп денеска закажани 890 термини, утрово се вакцинираа и инвалидизираните лица

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk