Не е исклучено СДСМ да објави неколку кандидати за градоначалници во текот на јули, но генерално тоа ќе биде направено во август, изјави денеска премиерот и лидер на партијата Зоран Заев. Значи, генерално крајот на август, но не исклучувам можност и во текот на јули да објавиме неколку кандидати каде што веќе анализите ќе бидат завршени, рече Заев на настан во скопско Волково, Општина Ѓорче Петров.
Околу 15-20 јули стартува теренската вакцинација во околните места на здравствените домови. Во комуникација со матичните лекари, Здравствените домови ќе ја спроведуваат вакцинацијата преку регрутирање на податоци од тоа колку од прикрепените пациенти се вакцинирани се со цел да се опфатат и останатите. На некој начин, секој Здравствен дом ќе биде регионален центар – рече Филипче. Министерот истакна дека на добар пат сме да постигнеме што поголем опфат на вакцинирани граѓани. Заклучно со викендов околу 300.000 граѓани се вакцинирани во нашата држава, од кои 215.000 се ревакцинирани, а дадени се 500.000 дози на вакцини.
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се обрати на Вториот Министерски состанок за интеграција на Ромите, што се одржа во Сараево, БиХ. „Паралелно интензивно работиме и на креирање и имплементација на активни мерки за вработување со кои се таргетирани и Ромите, со цел и оние што се со пониско ниво на образование да ги вклучиме на пазарот на трудот. Си поставивме задача да развиеме Програма за трансформација на непријавената работа кај Ромите, со цел до крајот на 2025 година да ја намалиме непријавената работа од 39 на 25 проценти“, порача министерката Шахпаска.
Дигитализацијата е процес кој го започнавме и за кој рековме дека е приоритет на Владата. Треба да биде приоритет за сите министри, директори, градоначалници. За сите нас кои сме добиле доверба од граѓаните. Овој процес мора да се води заеднички и координирано. Борбата со корупција и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните ќе ги постигнеме со дигитализација на процесите, истакна Премиерот Заев.
Подготвени сме од први септември целосно да ги отвориме училиштата за настава со физичко присуство, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска. Министерството за образование и наука подготви три сценарија за старт на учебната година од први септември кои заедно со протоколите денеска беа презентирани на Главниот координативен кризен штаб.
Протестниот марш на гордоста кој се одржува во месецот јуни, во светски рамки, се обидува да ја покрене свеста за нужноста од почитување на човековите права и на поинаквите од нас, но и да ги обедини граѓаните дека различностите постоеле и ќе постојат, а љубовта треба да е љубов и за либералните и за оние малку поконзервативните. Испраќајќи порака дека ЛГБТИ заедницата е дел од нашето општество, дел од оние кои се даночни обврзници, дел од нашето граѓанство, саботниот настан кој помина во најдобар ред, го носеше мотото „вон ѕидовите“.
М. Миткоска




