ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Синадиновска: Сите ние борци за вистински вести и чистење на јавниот простор од дезинформации сме дефанзивни, треба да се направи пресврт во нашиот одговор

June 28, 2021 16:33
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО
Катарина Синадиновска

Катарина Синадиновска

Share on FacebookShare on Twitter

Поблемот на ширење на дезинформациите и теориите на заговор не смее да се третира само како проблематика со која ќе се справуваат само медиумите и граѓанските организации туку како општествено прашање за кое ангажман мора да направат сите релевантни чинители, но и дека сите, а пред се медиумите, наместо дефанзивно да одговараат на ширењето дезинформации, треба да направат многу повеќе за да се пласираат вистинските информации, односно вистината за нештата во јавноста, така создавајќи бедем за распространувачите на дезинформации, рече Катарина Синадиновска, претседател на Управниот одбор на Советот за етика во медиумите (СЕММ, на денешната онлајн конференција „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, односно во нејзината сесија „Критичко мислење наспроти медиумски манипулации и теории на заговор за ковид-19“..

Синадиновска посочи и оти е поразително она што е очигледно – дека се повеќе луѓето се затвораат во свои еко-комори, еко-балони, каде има простор само за своето мислење и за истомислениците.

„Сите ние борци за вистински вести и чистење на јавниот простор од дезинформации сме дефанзивни поприлично, односно активностите ги формираме така што даваме одговор на заканите што се во јавниот простор. Ние сме респонзивни, затоа треба да се направи пресврт во нашиот одговор и да почнеме да создаваме многу повеќе „вистински“ вести. И ова не е само мое мислење, туку нешто што го кажуваат и експертите.

Оваа какафонија со ковидот покажа дека живееме во еко комори – сами избираме што да гледаме, сами одредуваме што е вистината, а не се ставаат фактите на прво место. Затоа, изедначувањето на личното мислење со фактите е пораз, оти со тоа центрите на знаење, организациите, универзитетите, професорите, оние што ги знаат нешттата, се под знак на сомнеж. Обичниот човек има тенденција да верува на својата еко комора на социјалните мрежи, а не на авторитетите – и ова треба да се прифати како општествен проблем со кој сите чинители треба да се зафатат“, порача Синадиновска.

Таа рече оти клучната улога во борбата со оваа негативна појава треба да ја играат медиумите.

„Луѓето се разделени во свои групи и одбиваат да комуницираат – туку е улогата на медиумите – да обезбедат начин да се чуе вистината, да се каже дека фактите се факти, а мислењето е мислење и дека треба да се слуша науката“, рече претседателката на управниот одбор на СЕММ.

Посочувајќи на проблемот на ширењето на дезинформации во медиумите, таа посочи дека не се проблем медиумите од Регистарот на професионални медиуми, оти тие подлежат на саморегулација, односно СЕММ може и да ги казни ако треба, туку е проблемот во оние што не се во тој регистер, во тој механизам на саморегулација, односно оние што се главни ширачи на лажни вести се директно поврзани со политичките партии и шират партиски наративи, одбивајќи да дадат глас на разумот и науката.

Синадиновска нагласи и дека судството е многу бавно во спроведувањето на правдата, што е директен удар на обидите за борба против негативните појави.

Next Post

Трибина: Вакцинирањето на децата против Ковид-19 е исправно, во спротивно се остава простор за понатамошна мутација и ширење на вирусот

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk