В четврток во 12 часот во МКЦ, најавена е промоција на новиот Е.П. на Фолтин „Симултан Бакнеж“. Новиот Е.П. се состои од 4 песни, снимени во Студио АЛШАР – Скопје, во декември 2020.
Изданието ќе биде промовирано со спот за една од песните „Кој може да расипе еден ваков ден“, во режија на Милена Виитман. Директор на фотографија е Michell Rivas, а актери се Rio Rasch и Nisha Virmani. Видео записот е снимен во Берлин.
Издавач на албумот е ОХО Продукција, продуцент е Пеце Талески, а извршен продуцент е Илија Тирицовски.
Продуцент на видео записот е Пеце Талески, а како извршни продуценти се јавуваат Милена Виитман и Илија Тирицовски.
Фотографијата и дизајнот на омотот се креација на Ѓорче Ставревски.
Ј. Ѓ.