ВМРО-ДПМНЕ со својата досегашна пракса гласаше против потребата од скратена постапка за намалување на ДДВ за струјата, мерка која граѓаните ја очекуваа за да се олесни семејниот буџет особено во периодот по пандемијата. Според последната одлука на РКЕ, струјата поскапува за 12,36%, но тоа нема да го почувствуваат граѓаните на месечните сметки за електрична енергија бидејќи ДДВ-то ќе се намали од 18 на 5%. Ова беше последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), но со оглед на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ гласаше против измените целата ситуација станува неизвесна за граѓаните.
Несомнено улогата на медиумите е од исклучително значење, тоа е неопходниот и круцијален линк во процесот на евроинтеграција, порача денеска министерот за правда Бојан Маричиќ на отворањето на панелот „Граѓанското општество и медиумите во процесите за регионална и европска интеграција“, на Првата меѓународна конференција во рамките на Преспа форумот за дијалог. Ги поттикнувам граѓанските организации и медиумите да придонесат кон градење мостови меѓу Северна Македонија и Бугарија, вели министерот.
Од денеска се укина роамингот за телефонски разговори, СМС пораки и интернет меѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Со тоа се заокружи примената на Договорот од Вториот дигитален самит од 2019 година меѓу шесте држави од Западен Балкан.
Разочарани сме што прашањето за отворање на првите меѓувладини конференции за Северна Македонија и Албанија не беше решено и покрај силното застапување и разумните решенија на португалското претседателство и на силните европски партнери, изјави денеска во Охрид заменик-помошникот државен секретар на САД за европски прашања Метју Палмер на панелот „На патот до подобро поврзан и интегриран регион – Кој е ризикот? Како да стигнеме таму?“, во рамки на првата Меѓународна конференција на Преспа форумот за дијалог.
На Клиниката за Урологија утрово започнаа две трансплантации на бубрези од починат донор, по направената експлантација на органите која заврши во доцните ноќни часови, информираат од Министерството за здравство. Благодарение на хуманоста на семејството на донорот и нивната одлука да се донираат органите, двајца пациенти на дијализа добија шанса за нов живот, нагласуваат од Министерството.
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната од 32 до 41 степен. На целата територија ќе биде активно жолто ниво на опасност од високи температури. Уве индексот ќе изнесува 9.
М. Миткоска