ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска: Нема одржливи мир и безбедност без вклученост на жените во одлучувањето

July 1, 2021 15:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

„Прашањето на вклученоста на жените во процесите на одлучување, во мирот и безбедноста, не е само проблем на жените во Западен Балкан, но Западен Балкан има примери зошто вклученоста на жените во процесите на одлучување гарантира успех“, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска на панелот за унапредување на Агендата „Жени, мир и безбедност“ во Западен Балкан.

Образложувајќи ги примерите Шекеринска зборуваше за улогата на жените политичарки во составувањето на Охридскиот договор кој доведе до крај на конфликтот во 2001 година и воспоставување на хармонично мултинационално општество, за одлучноста во сработувањето на кандидатскиот статус за ЕУ во 2005 година и за трансформацијата и реформите во Армијата која под раководство на жена – министерка за одбрана, стана и Армија на НАТО.

„Јас бев избрана за министерка за одбрана во 2017 година и тоа за многу нешта беше „прв пат“ – првата жена министерка за одбрана, за прв пат министер кој доаѓа од попрогресивна партија, што е веројатно и причината зашто избраа жена наместо маж за оваа позиција. Јас бев свесна дека иако бев присутна во политиката долг период, ќе се појави негодување и скептицизам. Станува збор за професија во која доминираат мажите, се појавуваа прашања за служење на војска, дали ми е јасно за каква област станува збор… Јас знаев дека мора да се соочам со тој скептицизам и знаев дека ние како тим мора да работиме десет пати повеќе за да ја постигнеме целта. Сега, три или четири години подоцна, дури и оние т.н. ’мачо-мажи’ не само во војската, туку и во општеството мора да признаат дека жена во Министерството за одбрана ја понесе земјата кон НАТО, и го помина прагот на Алијансата. Жена успеа после подолг период да го зголеми одбранбениот буџет, да ги зголеми платите, да ја подобри транспарентноста, да ги зголеми пензиите, да го подобри квалитетот на работа и живот во Армијата, истовремено не занемарувајќи го прашањето на родовата рамноправност, во ниту еден момент“, рече Шекеринска.

Начелото на ОН дека нема одржливи мир и безбедност без вклученост на жените денеска е и начело на НАТО. Еднаквите можности за мажите и жените се меѓу главните приоритети за Армијата на Северна Македонија, како што се меѓу првите приоритети на НАТО. Жените во Армијата се околу 10% како и во многу други европски и земји членки на НАТО, што е далеку од проектираните цели. Во Министерството бројот на жени е во пораст и изнесува близу 58%, а бројот на жените на раководни позиции се зголемува – повеќе од половината вработени на раководни позиции се жени, процентот на жени во меѓународните операции се зголеми од 4 на 9 проценти, се триплираше бројот на жени – полковнички, а за прв пат на позицијата аѓутант на претседателот е поставена жена.

„Жените во Армијата ја шират пораката дека нашата улога не е онаа како што некогаш била – една жена учи друга, туку секоја жена помага на многу и затоа мислам дека нашата улога како лидери во различни полиња, а особено во областа на одбраната е од исклучително значење“, заклучи министерката на панелот во Охрид.

Во своето излагање Шекеринска предупреди на насилството на социјалните мрежи што станува нова препрека за жените, особено за оние кои се малку похрабри.

„Он-лајн насилството и сајбер заплашувањето на жените станува сила која може да ги уништи сите наши напори и достигнувања ако сериозно не се соочиме со овој проблем. Бројките велат дека 41 процент од жените се соочиле со сајбер – заплашување и се плашеле за нивната лична безбедност, 24 проценти се плашеле за безбедноста на нивните семејства. Жените имаат 27 пати повеќе можност да се соочат со он-лајн насилство отколку мажите“, рече министерката.

Панелот го отвори заменичката министерка за надворешни работи Фатмире Исаки, а со свои излагања се обратија Мирослав Јенча, помошник на генералниот секретар на Обединетите нации за политички прашања, Гордана Чомиќ, министерка за човекови права и социјален дијалог на Србија, Олта Џачка, министерка за надворешни работи на Албанија и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. Во вториот дел од панелот се обратија косовската министерка за надворешни работи и дијаспора Доника Гервала Шварц, директорката на Македонско женско лоби, Даниела Димитриевска, претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева Старделова и проректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола, Марјан Ѓуровски.
Next Post

Ковачевски: По економската контракција во 2020 година каква што историски не се памети, во 2021 година се очекува опоравување на глобалната економија

Shortcut

Најново

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk