ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев- Пејчиновиќ Буриќ: Конфликтите во регионот се минато, соработката е нашата сегашност и иднина

July 1, 2021 14:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на маргините на Преспа форум дијалог ја прими генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ.

Премиерот Заев изрази благодарност до генералната секретарка на Советот на Европа Пејчиновиќ Буриќ за нејзиното учество на големиот меѓународен настан во Охрид имајќи го предвид нејзиното искуство и непосредно познавање на нашиот регион што претставува исклучителен придонес во дебатите на форумот.

За време на средбата премиерот Заев ја истакна долготрајната соработка, поддршката, како и партнерството помеѓу Северна Македонија и Советот на Европа во воспоставувањето на стандардите и следењето на нивната имплементација во сферите со првенствен интерес на ова европско тело во областите на демократијата, човекови права и владеење на правото.

Во текот на разговорот беше потенцирана исклучителната соработка и поддршка од Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје уште од нејзиното основање во 2012 година кои опфаќаат различни проекти за соработка.

Внатрешните реформи се наш стратешки ангажман и процес што го спроведуваме за нас и за нашите граѓани, за да можеме да го подобриме животниот стандард на нашите граѓани, истакна премиерот, и додаде дека европеизацијата е суштинска за нашата интеграција и во тој дел Северна Македонија оди напред и очекува ЕУ да ги тргне пречките за отпочнување на преговарачкиот процес за членство што е можно поскоро.

Северна Македонија и Советот на Европа се партнери во изградбата на општества во кои ќе се исполнува мисијата на Советот на Европа да не се повторуваат конфликтите како тој од времето на Втората светска војна и дека единствен начин тоа да се реализира е решавање на конфликтите со правните и политичките алатки како што се дијалогот и почитувањето на човековите права.

Во тој дух генералната секретарка на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ Буриќ истакна дека и настанот Преспа форум дијалог е во чест на дијалогот и пријателството како начини за решавање на отворените прашања и дека тие се вратени во регионот, меѓу другото, и благодарение на лидерството и храброста на премиерот Заев и на одлучноста на Северна Македонија да решава проблеми.

На средбата стана збор и за охрабрувачките позитивни оценки забележани во последниот извештај на Советот на Европа за Северна Македонија, како што се: законските реформи за поголема независност на судството, подобреното опкружување кога станува збор за слободата на медиумите, пристапот на јавноста до информации од јавен карактер, зајакнување на органите за борба против корупција, подобрување на законодавството за антидискриминација, како и некои други реформски процеси.
Next Post

Османи: Ехото од Охрид и Преспа ќе одекне силно и далеку низ светот

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk