ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ММФ ја зголеми проценката за растот на американската економија на седум отсто во 2021 година

July 2, 2021 10:02
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американската економија во 2021 година ќе порасне за седум проценти, што е значително пооптимистичка последна прогноза на ММФ отколку  во април и се темели на силното закрепнување од пандемијата, како и на претпоставката дека големите инфраструктурни и планови за социјална потрошувачка на претседателот Џо Бајден ќе бидат усвоени во Конгресот.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во проекцијата од април предвиде дека годинава растот на американскиот БДП ќе изнесува 4,6 проценти. Фондот, исто така, ја зголеми својата прогноза за растот на американската економија за 2022 година, на 4,9 проценти, наспроти 3,5 проценти во април.

Новите повисоки предвидувања покажуваат дека американскиот Конгрес ќе ги усвои плановите на администрацијата на претседателот Џо Бајден годинава фокусот да се стави врз вработувањата и инвестициите во покревање на стандардите на американските семејства, во форма слична на првичните предлози, кои вклучуваа значителни социјални трошоци и даночни реформи.

Извршната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева, изјави дека со ова САД ќе ги усвојат бројните препораки што ММФ со години им ги даваше, вклучувајќи ги инвестициите во зголемување на продуктивноста, образованието, како и овозможување на повеќе жени да имаат пристап до работа на американскиот пазар на трудот.

-Тоа ќе ја зголеми краткорочната побарувачка, зголемувајќи го БДП-то за кумулативни 5,25 проценти од 2022 до 2024 година, рече Георгиева на прес-конференција, додавајќи дека двете програми што Конгресот треба да ги усвои ќе доведат до траен раст на приходите и животниот стандардна Американците, со раст на БДП за еден процентен поен и по десет години.

Имено, ММФ смета дека САД треба да дадат приоритет на инвестициите во програми кои имаат најголемо влијание врз зголемувањето на продуктивноста, потоа врз зголемувањето на учеството на граѓаните во работната сила, намалувањето на сиромаштијата и поттикнување на транзицијата на економијата од јаглеродот.

ММФ наведува дека САД треба да ја користат даночната политика за да ги постигнат овие цели, намалувајќи ги „лошо насочените даночни трошоци“, истовремено зголемувајќи ги федералните даноци на гориво и воведувајќи други даноци на јаглерод.

Next Post

ВИДЕО | Oрданоски: Mакедонија добива неверојатен број на комплименти за сѐ она што направи изминатиов период

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk