ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Непочнувањето на преговори со Севeрна Македонија и Албанија е неуспех за ЕУ, ја имаме поддршката од САД, стигнаа 10 илјади вакцини „Астра Зенека“

July 2, 2021 18:04
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Непочнувањето преговори на Северна Македонија и Албанија за пристапување кон Европската унија е јасен неуспех на Унијата, нагласи поранешниот еврокомесар Јоханес Хан во излагањето на панел дискусијата „Ресетирање на синергијата меѓу ЕУ и САД кон Западен Балкан“, која денеска се одржува во Охрид во рамките на „Преспа форумот за дијалог“.

Во текот на вчерашниот ден во земјава пристигнаа 10 илјади вакцини на „Астра Зенека“. Тие од почетокот на следната недела ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови низ земјата, а хрватската Влада донесе уште една одлука да донира дополнителни 20 илјади вакцини кои ќе бидат од производителот „Астра Зенека“ или на производителот „Модерна“ што ќе биде практично прва количина од оваа вакцина која би стигнала во нашата земја

Одлуката да не се одржи првата меѓувладина конференција беше големо разочарување за Северна Македонија и за Албанија. Тоа е голем неуспех на политиката на проширување на ЕУ и лоша порака за регионот. Европската Унија не го исполни своето ветување, истакна премиерот Зоран Заев на Пленарната сесија на високо ниво „Ресетирање на синергијата меѓу ЕУ и САД кон Западниот Балкан“, што се одржува во рамки на „Преспа форумот за дијалог“ во Охрид.

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Охрид се сретна со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, кој учествува на меѓународната конференција „Преспа форум за дијалог“ при што разговарале за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, што, се посочува, се карактеризираат со отворен и пријателски дијалог на сите нивоа.

Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на  Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство денеска ја одржа првата конститутивна седница со која претседаваше министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Колку што транс-атлантските врски се посилни и стабилни, Западен Балкан е посилен, стабилен и просперитетен и затоа заедничкиот ангажман на САД и ЕУ на Западен Балкан е од суштинско значење“, потенцираше меѓу другото премиерот Заев.

На ГП Богородица денеска се пушти во употреба третата лента за ТМВ за излез од Република Северна Македонија.

Помошник-државниот секретар на САД задолжен за Европа и Евроазија, Филип Рикер, на завршната прес-конференција од првото издание на „Преспа Форум Дијалог“ конференцијата што се одржа во Охрид порача дека САД ги препознава спроведените реформи во Северна Македонија, а поддршката на присоединувањето на земјата кон Унијата го посочи како елемент на американската надворешна политика.

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се надвор од преговорите со Бугарија, тоа им е јасно и на помалку упатените во проблематиката, на сите земји-членки на Европската Унија, на целиот регион и на целиот демократски свет, предводен од САД, изјави денеска во Охрид премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со помошникот државен секретар на САД за Европа и евроазиски прашања, Филип Рике

Next Post

Јанша за БНР: Ја сфаќам позицијата на Бугарија кон Северна Македонија, но мора да се најде компромис

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk