ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Сите учесници на Преспа Форум Дијалог се платеници на Заев

July 3, 2021 20:49
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

На Преспа Форум Дијалог се собраа повеќе од триста гости меѓу кои беа и премиери од регионот и високи државни претставници на САД и ЕУ, експерти, сегашни и поранешни челници на највисоките политички, безбедносни и финансиски институции. Наизглед, светски настан, успешен, со многу светски влијателни луѓе на едно место. Но вистината е сосема поинаква. Еве го големото откритие: Сите што беа на тој Преспа Форум, сите тие се платеници на Зоран Заев! Да, да, точно е. Сите до еден, сосе премиери и други високи државни великодостојници.

Настанот, за кој се дознава дека бил грижливо планиран цела една година, не е ништо друго освен еден изолиран настан, обична журка. Заев продолжува со своите злодела на отворање на државата, на градење на македонските позиции во светот. Вистински предавник!

Не е точно дека македонската влада постави нови стандарди за надминување на спорови меѓу државите, како што тоа некои таму од САД и Европа се обидуваат да го прикажат тоа. Лажат.

Да се разбереме. Пријателството меѓу нациите е преценето. Војната, насилството, омразата и изолацијата се решенија за сите проблеми, а не дијалогот!

Каква позитивна атмосфера! Па толку пофалби за дијалогот и мирното решавање на конфликтите! Ужас! Вакво нешто не можеше да се замисли ни во најтешките кошмари за време на режимот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Да не се заборави, неговиот привремен крај беше означен со прекрасниот патриотски напад на собранието на 27 април 2017. Значи, не така одамна за да биде заборавен тој славен момент во македонската историја! Зошто? За вакво нешто како Преспа Форумот да не смее ниту да се замисли, а камоли да се оствари. Затоа се потребни ВМРО-ДПМНЕ и сите негови приврзоци и инсталации.

Навистина, неподнослива е оваа позитивна атмосфера што се шири од и околу владата на Заев и неговите белосветски платеници! Мора да се стави крај на прогресот!

Не е точно дека македонската политика во текот на изминатите четири години ќе биде запишана со светли букви во историјата. Напротив! Сѐ што е запишано со крв и херојски подвизи и линч против неистомислениците и различните – тоа е вистинската историја за која гинат вистинските патриоти по кафани, теретани, Халкидики, Белизе и Кипар!

За таа крвава кауза да трае, вистинските патриоти се спремни да потрошат стотици илјади, па и милиони „Оливери“ евра. Па и бугарски пасош да земат! Тоа се вистинските патриоти! Не овој Заев и неговите белосветски платеници.

Патриотите се спремни некогаш и да климнат со глава за членство во ЕУ и НАТО, но се разбира дека не го мислат тоа. Нивното политичко срце е во џебот на Путин. Во тоа треба да бидат сигурни сите што им веруваат на храбрите патриоти со бугарски пасоши и банкарски сметки надвор од Северна Македонија.

Ќе видите вие! Ќе дојде и тој ден. Светот ќе ги впери сите очи во Белата Шампита, слушајќи и читајќи што има да каже и да напише партискиот естаблишмент на ВМРО-ДПМНЕ на чело со професорот на Машински факултет, Христијан Мицкоски, познат и по прекарот Татиниот математичар. Тогаш ќе видите дека Зоран Заев, всушност беше дел од мал, изолиран настан. Навистина, вратите на Преспа Форум, како и на сите клучни политички настани и процеси овие четири години беа отворени и за ВМРО-ДПМНЕ. Но ВМРО-ДПМНЕ остана доследно – затворено во себеси и во својот патриотски мрак.


илустрација: Џ. Дерала
Creative Commons 4.0

Next Post

Вечерен преглед: Време е Брисел да испорача, Мицкоски изолиран, не го ни спомна Преспанскиот форум, дали ВМРО-ДПМНЕ се откажа од Скопје

Shortcut

Најново

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026
ВИ

САД и Иран постигнаа договор што треба да стави крај на конфликтот, паѓа цената на нафтата

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk