ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери: Низ секоја песна и оро се запознаваме и ги отфрламе сите предрасуди и скепси кон се што ни е непознато и страно

July 6, 2021 10:44
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Драго ми е што можам да ја искажам мојата искрена радост што вечерва сум повторно во овој преубав град, откако минатата недела бев дел од Преспа Форумот за Дијалог што се одржуваше исто така во Охрид. Во оваа прилика, дозволете да ве поздравам во мое име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, вашиот дом и горд покровител на најстариот меѓународен фестивал од ваков вид на Балканот,  Балканскиот фестивал на народни песни и игри кој што вечерва, на голема радост на сите љубители бележи свое јубилејно, 60-то издание откако за прв пат се одржа во далечната 1962 година, вели Џафери на Балканскиот фестивал на народни песни и игри.

Во тоа име, јас најпрво би сакал да упатам честитки до Националната установа, Центар за култура „Григор Прличев“, директорот и целиот тим за континуитетот, посветеноста, грижата и љубовта што ја вложуваат во одржувањето во живот на оваа прекрасна манифестација, во одржувањето на фолклорните, етнолошките, традиционалните, обичајните, културните и над сè, пријателските врски со сите земји од блиското и подалечното соседство на Балканот, чии што фолклорни претставници ќе продефилираат овие денови по калдрмата на древниот Охрид, чии што ора и песни ќе одекнуваат од оваа величествена и единствена сцена на Долни Сарај, и ќе ја нарушуваат езерската тишина пренесувајќи ги прекрасните звуци на сите страни на светот. Тоа е само уште еден начин на воспоставување на соработка, на споделување на културното богатство на народите, на изразување почит кон своето, меѓутоа и кон туѓото. Тука, низ преплетувањето на различните историски приказни што ги претставува секој ансамбл, секоја песна и оро, се запознаваме, разбираме, изразуваме почит и на благопријатен, ненаметлив и пријатен за душа начин ги отфрламе сите предрасуди и скепси кон се што ни е непознато и страно.

Славењето на уметноста и артистичкото изразување, се најубавиот начин на дипломатија и промоција на секоја држава, на секоја нација, а несомнена вистина е дека секоја земја, секој народ, секој уметник – поединец има што да понуди, покаже и со тоа го привлече нашето внимание и заслужи нашата почит. Затоа, Собранието на Република Северна Македонија, како претставнички дом на сите граѓани на нашата преубава земја кои се од различно етничко потекло, има огромна почит кон оваа манифестација која овозможува афирмирање и промовирање на различните културни богатства на народите на Балканот, а и пошироко. Да се раскажува историјата и да се промовираат културните карактеристики преку музиката, песните и играта е голема умешност и за нас претставува голема чест што сме покровители на ваков традиционален културен настан. Ве охрабрувам и во иднина да продолжите со зачувување и промовирање на овој фестивал а законодавниот дом ќе биде до вас за заедно да им ја всадиме љубовта кон народните песни и игри на младите генерации, за чувството на гордост и задоволство од посебноста на нашето придонесе во нивната толеранција и изразување на почит и кон различното. Затоа, сакам да изразам почит и благодарност кон сите учесници на овој фестивал поради универзалната порака на прифаќање на различностите која ја пренесуваат преку песни и ора. Секако, им посакувам незаборавен престој во балканскиот бисер – преубавиот Охрид и со овие желби, драги уметници, почитувани гости, го прогласувам 60 – тиот Балкански фестивал на народни песни и ора отворен, истакна Џафери на Балканскиот фестивал на народни песни и игри.

Next Post

Во наредниот период предвидена реконструкција на 9 детски игралишта во Центар

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk