ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бочварски од Крањ: На транспортерите им се потребни олеснувања на граничните премини и модерни патишта

July 6, 2021 11:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска во Брдо кај Крањ, Република Словенија учествуваше на Министерски состанок за прекуграничното поврзување на земјите од Регионот на Западен Балкан и Европската Унија во организација на словенечкото претседателство со Советот на Европската Унија.

На министерскиот состанок, присуствуваа министрите за транспорт на Република Грција, Република Словенија, Република Србија, Република Хрватска,Црна Гора, Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Косово, како и претставници на Секретаријатот на Транспортната заедница и Европската комисија.

Во своето обраќање министерот Бочварски истакна дека Република Северна Македонија се стреми кон создавање на модерен и безбеден транспортен систем кој е прилагоден на потребите на земјата, за обезбедување на поголема мобилност на граѓаните како поддршка на одржливиот развој и раст на националната економија.

“Воспоставувањето сигурен и безбеден транспортен систем е исто така еден од нашите приоритети и вклучува подобрување на безбедноста на патниот и железничкиот транспорт, воведување на ИТ технологии и имплементација на интелигентни транспортни системи во транспортниот сектор Нашата Влада ја промовира регионалната соработка со ставање во центарот на вниманието на регионалната и меѓународната димензија на сите видови на транспорт преку развој и модернизација на транспортната инфраструктура долж основната и сеопфатната мрежа на TEН-T што минува низ земјата”, истакна министерот Бочварски.

Во рамки на дискусијата на темата за подобрување на граничното управување,  министерот Бочварски истакна дека билатералните договори со соседните земји за заеднички гранични премини се ефикасна алатка за подобрување на транспортот на стока и патници на граничните премини.

Министерот Бочварски истакна дека, паралелно со билатералните договори, потребно е да се подобри транспортната инфраструктура на граничните премини и по должината на транспортните Коридори 8 и 10.

Во рамки на министерскиот совет тој и оддржа билатерална средба со министерот за транспорт и инфраструктура на Грција, Костас Караманлис.

На средбата се разговараше за поинтензивна соработка помеѓу двете министерства како и обновување на железничката линија Битола – Лерин долж Коридорот 10-д.

На маргините на Советот се одржа и средба со Асоцијациите на транспортери од Словенија на која покрај министерот Бочварски присустваа и министрите од Словенија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина.  На состанокот се разговараше за олеснување на транспортот на граничните премини, изнаоѓање на начини на поедноставување на процедурите како и проширување на зелените ленти на граничните прмини со земјите членки на ЕУ од регионот.

Next Post

Теренската вакцинација против Ковид-19 треба да почне од следната недела

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk