Делта варијантата на Ковид предизвикува голема загриженост со оглед на фактот дека е многу заразна (и можеби поопасна), што за првпат беше идентификувана во Индија во декември минатата година. Невакцинираните се изложени на најголем ризик, бидејќи оваа варијанта на Ковид предизвикува „хиперлокални жаришта“, а симптомите варираат.
Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, на прес конференција во Стразбур денеска истакна дека е можен напредок во процесот на проширување со Скопје и Тирана во октомври, доколку има согласност на земјите членки на ЕУ. Словенечкиот премиер рече дека не ги разбира земјите членки на ЕУ кои се противат на проширувањето, но смета дека е потребна дебата на темата.
Студентите од октомври ќе добиваат финансиска поддршка за субвенциониран студентски оброк. Средствата ќе се уплаќаат директно на лична сметка, со што ќе им се даде можност освен во угостителски објекти да ги користат и во маркетите. Оваа новина е предвидена поради пандемијата и евентуалните рестриктивни мерки на есен, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во гостување во Утрински брифинг.
Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и УСАИД потпишаа Мeморандум за соработка со кој ја продолжуваат соработката за поддршка на претприемништвото и стартап бизнисите, зајакнување на капацитетите на приватниот сектор и зголемување на конкурентноста.
Амбасадата на Швајцарија денеска донира противпожарни возила и опрема за мониторинг, превенција и брза интервенција во справувањето со шумски пожари на Територијалната противпожарна единица Берово и на подружниците на ЈП „Национални шуми“ во Берово и Пехчево.
М. Миткоска