Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и владиниот економски тим, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, заменик-министерот за економија Зоран Маневски, заедно со директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, денеска попладне одржаа средба со врвот на Стопанската комора на Северна Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески.
Извештајот покажува дека најголем раст на невработеноста има на прекарните работни места, оние за кои е потребно физичко присуство, како што е прехранбениот сектор или туризмот. Најмалку погодени од кризата се работните места кои се критични, но и оние кои бараат мала стапка на социјална интеракција и можат да се работат од дома, главно во информатиката, осигурувањето и телекомуникациите, и, се разбира, здравствениот сектор како најкритичен за време на санитарната криза.
Владата на денешната седница ја разгледа и ја усвои информацијата за формирање Национално советодавно тело за младински политики и ги задолжи Агенција за млади и спорт, Министерствата за труд и социјална политика, за правда, за локална самоуправа, за култура, за образование и наука, за здравство и за финансии, да именуваат претставник во Националното советодавно тело за младински политики, до 30 јуни 2021 година.
Лето е преубава работа. Жешко лето е уште поубава. Жешко лето кога се снима најубава. Со ваков супериорен актерски тим и топ екипа му нема крај на меракот, изјави режисерот Милчо Манчевски, кој е автор и на сценариото за „Кајмак“ – црна комедија за две семејства, кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Според продукцијата, филмот е безмилосна критика на лицемерието и малограѓанштината.