ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

ЕУ воведува построги визни правила за руските државјани поради зголемен безбедносен ризик и саботажи

November 7, 2025 15:00
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија денеска усвои одлука за воведување построги правила за издавање визи за руските државјани, како резултат на зголемените безбедносни ризици, саботажите и потенцијалната злоупотреба на визите.

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас посочи дека ваквата одлука се носи во услови на најризична безбедносна средина во Европа во последниве децении предизвикана од руската илегална агресија врз Украина и упадите и саботажите без преседан со дронови на територија на Унијата.

– Имаме должност да ги заштитиме нашите граѓани. Сега ќе важат построги правила за руските државјани кои бараат виза за патување во ЕУ, порача Калас.

Според неа, ваквата одлука на ЕК покажува дека слободното патувањето и движење во рамките на ЕУ е привилегија, а не нешто што е загарантирано.

Извршната потпретседателка на ЕК за технолошки суверенитет, безбедност и демократија, Хена Виркунен истакна дека од почетокот на „илегалната и неиспровоцирана агресивна војна на Русија против Украина“, која претставува сериозна закана за европската безбедност, ЕУ постојано ги заострува условите за влез за руските државјани.

– Со понатамошно ограничување на визните правила, преземаме дополнителен и неопходен чекор за да ја заштитиме безбедноста на Европската Унија и нејзините граѓани, додаде Виркунен.

Според еврокомесарот за внатрешни работи и миграција, Магнус Брунер, заштитата на надворешните граници на ЕУ бара спроведување на робусни и сеопфатни визни правила.

– Со новоусвоените одредби, сите барања за визи поднесени од државјани на Руската Федерација ќе бидат предмет на засилени процедури за верификација и зголемено ниво на контрола. Ова ќе придонесе за интегритетот и безбедноста на Шенген зоната, посочи Брунер.

Според одлуката на ЕК, отсега на руските државјани повеќе нема да им бидат издавани визи за повеќекратен влез, туку ќе мора да аплицираат за нова виза секогаш кога планираат да патуваат во ЕУ. Со ова, ЕУ очекува да се засили надзорот и контролата на оние кои аплицираат за виза, со што би се ублажил секој потенцијален безбедносен ризик.

Исклучок од ова правило се предвидува во „ограничени и оправдани случаи“, како што се апликациите од страна на независни новинари и заштитници на човековите права.

Оваа одлука се заснова на заедничката проценка од страна на земјите членки и следи по едногласното одобрување од нивна страна во рамки на Комитетот за визи, посочува ЕК.

Tags: визиЕУ
Next Post
Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

ЕУ планира да испрати воени инструктори во Украина по завршувањето на војната, како дел од безбедносните гаранции

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk