ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери се сретна со претставници на Европскиот муслимански форум

July 8, 2021 16:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денес имаше средба со претставниците на Европскиот муслимански форум предводени од претседателот на овој Форум. г. Абдул-Вакхед Нијазов.

Посакувајќи им добредојде на гостите, Претседателот Џафери упати поддршка за нивната досегашна активност и работа која е во насока на тоа да ја претстави во Европа и светот вистинската слика за исламот како религија, и исламската свест во целина. Тој се осврна на значењето и придобивките што ги има нашата земја со тоа што е мултиетничко општество и која претставува пример за соживот во регионот. „Самиот факт што јас како припадник на албанската заедница сум веќе петта година или втор мандат Претседател на Собранието и втор човек по функција во државата, говори доволно за нашите предности како мултиетничко општество“, нагласи Претседателот Џафери. Во продолжение, тој ја нагласи и нашата заедничка стратешка определба за споделување на европските вредности во целост, а тоа го потврдуваме и со самиот факт што веќе сме земја членка на НАТО и земја која се очекува да ги започне преговорите со ЕУ.

Претседателот на Европскиот муслимански форум, г. Абдул Вакхед Нијазов, упати благодарност до Претседателот Џафери за можноста за оваа средба и истакна дека му е чест да престојува во Република Северна Македонија, земја која е светол пример во регионот кога се во прашање почитувањето на религиските различности и права, мирот и соживотот. Тој нагласи дека, иднината на Европа е незамислива без муслиманскиот народ кој брои некаде околу 170 милиони. Тоа е народ кој е образован, материјално ситуиран и силно етаблиран во политичкиот, економскиот и општествениот живот ширум европските земји. Муслиманите во Европа, за разлика од оние кои живеат на другите континенти, живеат во демократски држави и општества и тоа претставува голема предност за нив во однос на останатото муслиманско население ширум светот, нагласи претседателот Нијазов. Тој исто така говореше за потребата од почитување на меѓусебните различности и толеранција и тоа претставува единствен услов за живот во мир и стабилност во европските земји.

На крај соговорниците заедно се согласија дека, ќе продолжат да работат на полето на етаблирање и промовирање на меѓусебното почитување и соживот.

                                                                                                      

Next Post

Бајден за иницијативата „Три мориња“: САД ве поддржуваа

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk