ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Николовски го доби судскиот спор со Христијан Делев

July 8, 2021 15:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Апелациониот суд ја потврди првостепената пресуда на Основниот граѓански суд Скопје со која судот го одби како несоновано тужбеното барање за клевета на поранешниот функционер на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Делев, против заменик на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Од кабинетот на Николовски брифираа дека Основниот граѓански суд Скопје, утврдил дека Николовски не го наклеветил Делев и не постапувал злонамерно кон личноста на тужителот Делев.

-Во судската постапка, е утврдено дека Делев не успеал да ја докаже автентичноста на сите изјави изнесени од Николовски, кои се предмет на тужбеното барање, бидејќи за истите нема релевантни докази како аудио, видео-снимка или транскрипт. Судот утврди дека Николовски, преку своите прес-конференции во улога на дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство,  ја вршел својата службена должност и вршел проверка на сомнежите во незаконитоста на работењето на Христијан Делев, во периодот кога тој бил заменик- министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на ВМРО ДПМНЕ, појаснуваат од Кабинетот на Николовски.

Спорот се однесува за изнесени наводи од страна на Николовски во периодот на извршување на функцијата дополнителен заменик- министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, а во врска со инволвираноста на Делев во постапките за продажбата на млекарницата „Сведмилк“, ослободување од плаќање на закупнина за „АД Вардар –Градско“ и за „АК Џумајлија“.

-Основниот граѓански  суд, ги одби како неосновани наводите на Делев за клевета, а Апелациониот суд ја потврди првостпената пресуда на основниот граѓански суд Скопје, со која судот го одби како несоновано тужбеното барање на тужителот Делев, за утврдување на граѓански одговорност за клевета. Врз основа на оваа пресуда, Делев е задолжен да ги надомести трошоците во судската постапка, брифираат од кабинетот на вицепремиерот.

Според нив, оваа пресуда е доказ дека јавноста има право да ја знае работата на функционерите, на транспарентен начин без искривување на фактите и вистината, што не треба да се поистоветува со клевета и лажни вести.

извор: МИА

Next Post

Универзитетите задоволни од оваа aкадемска година, успехот на следната ќе зависи од имунизацијата на студентите и професорите

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk