Потребите на граѓаните за користење јавен превоз, трасите по кои ќе се движат возилата на БРТ, организацијата на станиците и наплатата на билетите беа главните теми на кои дискутираа експертите по денешната презентација на системот за брз автобуски превоз во Скопје, која се одржа во хотелот „Хилтон“, во организација на Град Скопје.
Вложувањето во подобри услови за студентите го сметаме за капитално вложување во иднината на државата, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил, посочувајќи дека околу 40.000 студенти од октомври ќе добиваат финансиска поддршка за субвенциониран оброк.
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска учествуваше на Вториот министерски состанок за вработување и социјални прашања, на кој присуствуваа и министрите од земјите членки на Европската унија и од земјите од Западен Балкан, кој се одржа во Брдо кај Крањ, Словенија.
Како земја-членка, потписничка на Протоколот на Обединетите Нации за спречување, потиснување и казнување на трговија со луѓе, особено со жени и деца, нашата држава континуирано се залага за зајакнување на капацитетите, наоѓање модуси, разменување искуства преку учество во меѓународни форуми со цел да се постигнат ефективни резултати во борбата против трговија со луѓе
Директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири денеска потпиша Меморандум за соработка со генералниот директор на Нормак Инвестмент Гроуп – Технолошко индустирската развојна зона Тетово Александар Зарков.