На состанокот, од страна на вицепремиерот Николовски, беше презентиран степенот на реализација на мерките од Планот за борба против корупција, како и идните активности што надлежните институции треба да ги преземат според задолженијата од Планот. Се констатираше, дека реализацијата на Планот за борба против корупција е во напредна фаза, но и дека е потребно дополнување со нови мерки во делот на борбата против корупцијата.
Постои можност за ширење од новиот сој на коронавирусот и далеку е од тоа дека светот може со сигурност да пресмета кога би бил и дали наскоро ќе се случи крајот на пандемијата. Се додека имаме нови соеви кои го зголемуваат бројот на новоинфицирани низ целиот свет, пандемијата уште е далеку од завршување. Со завршувањето на годишните одмори можноста за проширување на инфекцијата е голема.
„Црвен бележник“ (Red Notice) – најскапиот снимен филм на Нетфликс досега, во киносалите ќе се појави на 12 ноември, оваа 2021 година. Веста ја објави глумецот Двејн „Карпата“ Џонсон, една од ѕвездите на ова остварување.
Малта од среда ќе забрани влез за сите невакцинирани посетители на островот, изјави денеска министерот за здравство Крис Ферн.







