Фолк пејачот Наум Петрески откако пред десет дена се пожали дека најголемите концерти во земјава биле доделени на „владини музичари“, во саботата како што пренесува Фокус, настапи на концерт финансиски поддржан од Владата со сума од 1.107.000 денари, односно околу 18.000 евра.
Немам коментар. Долу Влада, рече тогаш Петрески.
„Немам коментар. Долу Влада. Најголемите концерти им ги дадоа на владините музичари и тоа е тоа. Нема мерило во оваа земја за квалитет, туку за партиска припадност. Затоа ја губиме и изгубивме земјава“, изјави Наум Петрески пред 10 дена.
Во саботата фолк пејачот учествувал на настанот кој се одржа во Куршумли Ан, по повод 30 години независност на Македонија, под слоганот ,,За многу години Македонци”. Покрај Петрески, настапија и неговата сопруга Зуица Лазова, Виолета Томовска и ,,Синтезис”, а во организација на Award Promotion.
На 86. седница, како што потсети и премиерот Заев, Владата како дел од шестиот пакет анти-ковид мерки, врз основа на информацијата за спроведениот јавен повик за финансиска поддршка на компании – оператори од индустријата за организација на настани, донесе одлука на 33 економски оператори од оваа дејност, да им бидат распределени 15.443.661 денари.