Како дел од шестиот пакет мерки за надминување на последиците од ковид-кризата, распределени се 35,3 милиони денари, објави премиерот Заев. 2.460.000 денари за 80 лиценцирани туристички водичи, на кои ќе им биде исплатена еднократна финансиска поддршка во висина од 30.750 денари.
Медицински тимови од Здравствениот дом во Пробиштип рано утрово започнаа вакцинација во село Турско Рудари. Здравствениот дом во Валандово теренската вакцинација ја почна од село Чалакли. Заинтересираноста на жителите е голема, а процесот на вакцинација се одвива одлично
Активистот Дамир Незири, предупредува на опасноста од делта сојот на Ковид-19 и апелира за вакцинација. Тој вели дека сега откако има вакцини и без закажан термин, нема повеќе изговори.
Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и Националниот оператор на пазарот на електрична енергија МЕМО потпишаа меморандум за соработка со кој се предвидува заеденички да соработуваат во развојно-истражувачки проекти и при изработка на магистерски трудови, заеднички да работат на апликативни проекти
Претседателот на државата Стево Пендаровски, вечерва ќе присуствува и ќе се обрати на свеченото отворање на 61-то издание на „Охридско лето“, во Античкиот театар во Охрид.