ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Теренската вакцинација продолжува, засега без нови рестрикции и ковид мерки

July 13, 2021 09:06
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Да се вакцинира што поголем број од населението за да стекнеме колективен имунитет, да се заштитиме од другите КОВИД соеви и да спречиме нов бран. Тоа е сега клучен приоритет, порачува министерот за здравство Венко Филипче.

Теренската вакцинација која почна вчера, продолжува и денеска во над 90 населени места.

Ситуацијата засега е мирна и бројките се охрабрувачки. Според последниот биланс, има пет нови случаи, шест оздравени пациенти и ниту еден починат.

Како што вели Филипче, веројатно ќе има и нови мутации, но со рестрикции не може да живееме. Затоа, имунизацијата е многу важна.

-Епидемиолошката состојба е мирна, но акцент треба да се стави на вакцинацијата како механизам за заштита. Вакцинацијата е единствен механизам за зголемување на колективниот имунитет и спречување нов бран. Веројатно ќе има и нови соеви на вируси, веројатно ќе има и нови мутации, меѓутоа со рестрикции не може да живееме, изјави министерот.

Тој додаде и дека не се размислува да се бараат потврди за вакцинација или негативни тестови на коронавирусот за влез во земјава – ниту за наши, ниту за странски државјани.

Филипче вчера најави дека од петок ќе почне вакцинацијата на деца над 12 години со „Фајзер“, чии родители/старатели до четврток ќе се пријават на веб-страницата vakcinacija.mk. Но, и децата кои немаат здравствено осигурување или немаат одбрано матичен лекар ќе може да се вакцинираат. Информации за термините ќе може да се добијат директно на вакциналните пунктови.

-Секој родител или старател кој сака да го вакцинира своето дете, ќе треба да го пријави на веб страницата vakcinacija.mk, по што ќе добие термин за вакцинација. Вакцинирањето на деца ќе почне в петок. Во системот „Мој Термин“ веќе се регистрираат малолетни лица (деца од 12 до 16 години) кои сакаат да се вакцинираат. Сајтот vakcinacija.mk за закажување термини ќе биде отворен до четврток, напиша Филипче на својот фејсбук профил.

Пункт за вакцинација, Сала Борис Трајковски. Фото: МИА

Ако родителите или старателите наидат на потешкотии при пријавување на своето дете за вакцинација на сајтот vakcinacija.mk, треба да проверат дали е тоа осигуреник во базата на Фондот за здравствено осигурување.

Откако ќе се види заинтересираноста со регистрирањето на сајтот, ќе се закажуваат термини за вакцина по распоред, бидејќи една вијала содржи шест дози.

И ревакцинирањето со „Астра Зенека“ ќе биде на шест, наместо на 12 недели како досега. Тоа е договорено на состанок со членови на Комитетот за имунизација. Но, и натаму оваа вакцина ќе им се дава само на повозрасни од 60 години.

Во однос на теренската вакцинација, најавите се дека ќе се одвива без прекин, со распоред направен од здравствените домови. Распоредот ќе биде повторувачки. Нема да се оди еднаш во едно оддалечено село или населено место, туку тимот ќе ротира откако сите мали места еднаш ќе бидат покриени согласно распоредот и сето тоа ќе продолжи да се одвива и на терен. Ќе се вакцинираат сите што ќе бидат на местото одредено за вакцинација и што ќе покажат интерес во текот на денот. Тоа ќе се повтори кога ќе заврши циклусот, кога ќе се поминат сите места одредени од здравствените домови.

Досега во земјава се направени 911.154 тестирања, а вкупниот број на дијагностицирани од почетокот на епидемијата е 155.802, бројот на оздравени пациенти е 150.132, на починати 5.487, а на активни случаи 183.

Next Post

Трифонов: ИТН ќе преземе одговорност за владата и ќе предложи независен кабинет

Shortcut

Најново

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk