ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Вечерен преглед: Внимателно се следи состојбата со заразените во Тетово, родовата еднаквост е клучна за идните генерации, 1.100 стечајци ќе добијат надомест до пензионирање

July 13, 2021 21:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за здравство информира дека по зголемување на заразени од тестирани во Тетово и тетовскиот регион, во период од неколку дена, Комисијата за заразни болести ја следи епидемиолошката состојба во Тетово и е во комуникација со локалниот центар за јавно здравје каде се анализираат сите овие случаи.

Само со родова еднаквост може да се создаде поубава иднина, иднина без предрасуди и дискриминација. Верувам дека денешните учесници на овој Самит ќе донесат заклучоци за создавање на подобар свет кој не препознава дискриминација по родова, етничка, културана, социјална или друг вид на припадност, рече министерката за образование и наука Мила Царовска, во обраќањето на Глобалниот Самит за лидерство за девојките. Училиштето е место кое треба да ги развива лидерските вештини и кај девојчињата, како и кај момчињата, истакна Царовска.

Центрите за контрола и превенција на болести на САД синоќа ги обновија препораките за патување во Северна Македонија до ниво 1, што значи дека важат стандардни мерки за безбедност при патување со вообичаена внимателност.

На денешната 87-ма седница Владата на Република Северна Македонија го утврди Предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, односно за стечајците. Со новите предлог-законски решенија предвидено е условот којшто се однесува на должината на работниот однос да биде 14 години, заклучно со 31.12.2020 година сé со цел да се обезбеди еднаквост на граѓаните при остварување на ова право на материјално обезбедување кое ќе го  остварат уште најмалку 1.100 невработени лица, односно стечајци.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на градот Темпи од Аризона, Кори Вудс, денеска одржаа онлајн средба по повод 50-годишнината од збратимувањето меѓу двата града. На состанокот по повод овој многу значаен јубилеј акцент беше ставен на плодната соработка што ја негуваат двата града. Двајцата градоначалници разговараа и на други теми, меѓу кои: како влијаеше пандемијата од Ковид 19 врз градовите и справувањето со климатските промени.

М. Миткоска

Next Post

Презентиран првиот предлог за реорганизација на органите на државната управа, агенциите и инспекциските служби на централно ниво

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk