ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

„Не го потценувај заморот – Вози одморен!“, превентивна акција на МВР и РСБСП на граничниот премин Табановце

July 14, 2021 12:12
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Покрај  брзото возење  и алкохолот, заморот е една од  главните причини за предизвикување на сообраќајни незгоди во летниот период. Особено критична е делницата од граничниот премин Табановце до Гевгелија и обратно, каде што секоја година се случуваат по неколку сообраќајни незгоди со тешки последици.

Една од причините за ваквата состојба е токму фактот што станува збор за европски коридор по   кој  поминуваат голем број на возила и возачи  кои после долги часови патување, како последица на заморот губат концентрација и внимание, неретко и заспиваат позади управувачот  и како последица на тоа  предизвикуваат сообраќајни незгоди со страшни последици.

Имајќи ја во предвид ваквата состојба МВР и РСБСП во текот на летниот период, во двата правци на коридорот 10, ќе организираат превентивно едукативни активности под мотото „Вози одморен“.
Целта на кампањата „Вози одморен“ е да се потсетат возачите за влијанието на заморот, за последиците од сообраќајните незгоди предизвикани од заморот и да се поттикнат  да прават повеќе паузи, да консумираат повеќе течности, да патуваат одморени и наспиени и да го запрат своето возило веднаш штом ги почувствуваат првите знаци на замор.
Согласно наведеното МВР во соработка со РСБСП продолжува  со едукативни, сообраќајно превентивни активности, но и  со засилени контроли од страна на сообраќајната полиција.
„Сакам да потсетам само на податокот дека на територијата на целата држава во текот на јули минатата година 17 лица беа жртви на сообраќајни незгоди, додека пак, во минатиот август таа бројка изнесуваше 19. Иако минатата година беше година со рекордно најмал број на жртви – 125, сепак, евидентно е дека во летниот период овие бројки се поголеми споредено со другите периоди од годината.

По Коридорот 10, како паневропски коридор, фреквенцијата на возила е драстично зголемена посебно во летниот период, а заморот, кој е причина за пад на концентрацијата, може да има фатални последици, така што се одлучивме, заедно со РСБСП, превентивно да ги потсетиме возачите на потенцијалните опасности од заморот, но и на ризиците од пребрзото возење, управувањето на возило под дејство на алкохол и на други сообраќајни прекршоци кои се причини за тешки сообраќајни незгоди. Овој автопат е главната артерија која ја поврзува нашата држава со соседна Србија, така што граѓаните од пријателска Србија, како чести учесници во сообраќајот, главно, по Коридорот 10, но и граѓаните од другите држави, кои го користат, се секогаш добредојдени гости во нашата земја.  Ќе ја искористам оваа пригода да им посакам среќен пат и пријатен престој, без разлика дали поминуваат транзит или токму нашата држава им е дестинацијата каде сакаат да го поминат одморот, но и да апелирам кон сите учесници во сообраќајот секогаш да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за безбедни патишта. Зголемувањето на безбедноста во сообраќајот е императив и  во наредниот период продолжуваме со активности со цел да го намалиме бројот на жртви на патиштата“, рече министерот Спасовски.

„Сообраќајните незгоди кои се последица на заморот најчесто завршуваат фатално затоа што отсуствува можноста возачот да преземе било какви дејствија со цел барем делумно да се амортизираат последиците од сообраќајните незгоди. Апелирам до возачите да бидат внимателни и концентрирани кога учествуваат во сообраќајот, да не го потценуваат заморот, да  прават минимум 15 минути пауза на секои два часа возење и да застанат и да одморат веднаш штом ги почувствуваат првите знаци на замор“- изјави Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП.
Важно е да се потенцира дека минатата година беше најбезбедна досега, со најмал број на загинати лица во сообраќајни незгоди. Трендот на подобрување на безбедноста во патниот сообраќај е евидентен веќе неколку години наназад и  целта на МВР и РСБСП  е овој тренд да продолжи и во иднина.

Next Post

В петок отворање на надворешно живеалиште за пингвини

EVN

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Војната со Иран се префрла на море: Шест бродови погодени во Персискиот Залив – расте ризикот за светската нафта

March 12, 2026

СДСМ: Срамна изјава на Мицкоски – ги нарече хистерични работниците кои бараат 600 евра плата

March 12, 2026
Илустрација Фронтлајн

Зошто Лавот сака да блесне – храброста да се биде виден

March 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Meta ја купи Moltbook – социјалната мрежа за AI ботови за која сите зборуваат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина актерот Кирил Поп Христов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 11 март 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Овие воено настроени убијци ја користат нашата музика без дозвола“ – Франц Фердинанд бесни поради видео на израелската армија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иранскиот амбасадр во Кипар: Моџтаба Хамнеи бил ранет во нападот што го уби неговиот татко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk